Машки мафини од самоук готвач

Рецептот за овие мафини е од нашиот читател Горазд Христов. Вели дека ги прави по вторпат, но овојпат без суфлирање од страна, па самиот го нашол совршениот баланс на состојките

0
529

Состојки:

2 јајца

100 мл зејтин или стопен путер

200 мл млеко

400 г брашно

1 прашок за пециво

100 г кафеав шеќер

2 лажици какао

Темно чоколадо (60 % какао), по ваш вкус

Приготвување:

Изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ги мокрите состојки, а потоа постепено додавајте ги брашното со прашокот за пециво и какаото.

Во модлите за мафини ставете хартиени корпички и премачкајте ги со малку масло или путер за да не се лепат.

Истурете од смесата во сите по малку, додадете чоколадо по желба, па дополнете ги со остатокот од смесата.

Печете во загреана рерна околу 20 минути.