Маслото од семки од тиква е нутритивна бомба со бројни здравствени придобивки

Бројни студии ширум светот спроведени врз постара машка популација покажале дека лечи проблеми со простатата, а потоа има позитивен ефект врз стимулирање на функцијата на бубрезите, видот, го зајакнува имунитетот, го ублажува стресот и го подигнува расположението, ја елиминира болката во зглобовите, помага при кардиоваскуларни заболувања.

0
163

Се смета за еден од најценетите природни лекови, содржи важни незаситени масни киселини – линолеични (омега-6) и иолеински (омега-9), богати со железо, манган, магнезиум, бакар, цинк, селен и витамини Ц, Е, Д, К и Б. Маслото од семки од тиква е нутритивно бомбастично и исто толку корисно за нашето здравје. Бројни студии ширум светот спроведени врз постара машка популација покажаа дека лечи проблеми со простатата, а потоа има позитивен ефект врз стимулирање на функцијата на бубрезите, видот, го зајакнува имунитетот, го ублажува стресот и го подигнува расположението, ја елиминира болката во зглобовите, помага при кардиоваскуларни заболувања.

Придобивките од маслото од тиква се многубројни, но дали знаете како тоа се произведува, како се консумира и што е најважно, како да препознаете квалитетно масло од тиква?

Како се произведува?

Маслото од семки од тиква се добива со пресување на семки од тиква. Тиквите кои се садат најмногу за производство на масло од тиква, обично се „голи“, што значи дека семето нема лушпа. Постојат два начина да се произведе масло од тиква – ладно и топло пресување. При ладно цедење, семките едноставно се мелат и се пресуваат без никаков претходен третман. При топло пресување, семето се загрева на одредена температура по мелењето, и пред пресувањето. Температурата варира кај производителите и претставува посебна рецептура што значително ги разликува маслата едни од други.

Како да препознаете квалитетно масло од тиква?

Бидејќи денес на пазарот може да се најдат разни верзии на разни масла, вклучително и масло од тиква, се поставува прашањето како да се избере „вистинското“. Прв показател е цената која е нешто што може да сугерира квалитет на производот, но не мора секогаш да биде така.

Кога купувате, можете да направите „проверка“ на следниов начин: земете го шишето во ваши раце и протресете го. Потоа свртете го кон изворот на светлина. Без оглед за какво шише станува збор (иако маслото од семки од тиква се чува исклучиво во темни шишиња) мора да се види темно црвена боја.

Ако го купувате маслото во супермаркет, тоа е сè што можете да направите пред да го купите, но ако го купувате на пазар или директно од производителот, можете да ги направите следниве проверки. За маслото е важен мирисот – мора да има многу интензивен и пријатен мирис на семки од тиква кој малку потсетува на кикирики. Понатаму, маслото треба да се истури на бела чинија или сад, такашто да се направи тенок филм – така добиениот тенок слој на масло мора да биде исклучиво зелен. Последната ставка е дегустација – кога се консумира масло од тиква, мора да остави карактеристичен јаткаст вкус во устата.

Како да консумирате масло од тиква?

Ако за првпат се соочувате со овој прехранбен производ, може да се збуните со начинот на кој треба да го консумирате. Особено кога станува збор за масла – не сите масла се наменети за термичка обработка. Маслото од семки од тиква е едно од оние масла што не е пожелно да се загрева бидејќи ги губи своите својства. Се консумира без термичка обработка, најчесто во ладни салати, попрскан на леб или крекери, а одлично е како додаток на крем супа од тиква. Исто така, се препорачува да пиете лажица масло од тиква наутро на празен стомак како добар регулатор на варењето.

Освен масло, од семките од тикви се произведува и брашно, како и разни намази.

Брашното од тиква има многу висок процент на протеини и висока калориска вредност. Препорачливо е да се меша со пченично или пирово брашно во сооднос до 30 проценти. Така добиеното тесто има специфичен вкус на семки од тиква и може да се користи за подготовка на леб, гевреци, палачинки.