Мало семе, огромна придобивка: Дознајте зошто сусамот е многу повеќе од украс на печивата

Сусамот содржи значајни витамини и минерали, го намалува лошиот холестерол и е добар за дијабетичарите

0
235

Сусамот дефинитивно заслужува да биде рамо до рамо со лукот, медот, куркумата и другите супер-намирници. Достапен е, затоа нема причина да не го внесувате во вашата дневна исхрана бидејќи може да спречите разни болести. Во последниве години, семето и маслото од сусам беа предмет на многу истражувања, а еве и некои од најистакнатите докажани својства на сусамот.

Поросени по кифличките, колачите и разни печива, едни такви моќни зрнца се потполно незаслужено, честопати само украс. Велат дека сусамот е зачин за сите возрасти. Неговата татковина е Азија. Одамна се сметало за лековита храна и намирница која го забавува стареењето. Тоа е едно од најстарите и најздравите култивирани билки. Маслото од сусам се користи дури 5000 години.

Состав

Семето од сусам може да биде бело, црно и кафеаво, со некои разлики во составот. Иако се мали, тие имаат голема хранлива вредност. По состав, повеќе од половината се масти. Има многу малку заситени, додека преовладуваат незаситени  масни киселини олеинска и линолна. Петтина се протеини со висока биолошка вредност.

Витамини и минерали

Од витамините тука се: А, Б1, Б6, Е (заслужен за спречување на предвремени брчки и стареење на кожата). Од минералите тука се: бакар (го олеснува воспалението при ревматоиден артритис), манган, магнезиум (го намалува крвниот притисок и спречува напади на мигрена), цинк (неопходен за одржување на плодноста кај мажите; го поттикнува заздравувањето на раните и ги лекува несовршеностите на кожата). Нашиот организам може многу добро да извлече од сусамот и калциум и железо.

Го намалува лошиот холестерол и е добар за дијабетичарите

Тука се уште и прехранбените влакна и фитостероли, растителни состојки кои се хемиски слични на холестеролот. Тие ја попречуваат апсорпцијата на холестерол и со тоа го помагаат неговото снижување. Тоа се лигнаните – сесамин и сусамолин. Исто така, тие имаат ефект на намалување на висок крвен притисок. Се намалува и липидната пероксидација, а една од најтешките последици од неа е формирањето на канцерогени клетки. Како фитоестрогени, тие обезбедуваат заштита од тумори чувствителни на хормони, како што се туморите на дојка; исто така ги ублажуваат заболувањата предизвикани од менопаузата. Сусамот ја подобрува ефикасноста на глибенкламид, лек кој се користи за лекување на дијабетес.

Користење

Една лажичка семе од сусам може да се додаде во салата, парен зеленчук, како и во житарки и тестенини. Сите корисни состојки подобро се искористуваат ако семето се згмечи или се сомеле. Смеленото семе помешано со масло од сусам го дава таанот, паста со фантастичен потенцијал.

Фото: Pixabey