Македонец кој живее во САД вели: Се лекував од корона сам, со витамин Д и големи дози витамин Ц

„Немав температура, но немав ниту кислород . Чувството, како да ви снемува воздух, како кога сте на некој висок планински врв и не можете да дишете, беше страшно“, раскажува нашиот соговорник. Тој се лекувал со витамин Д и високи дози витамин Ц, па освен што го пренесуваме неговото искуство, ви предлагаме и неколку намирници кои би можеле да ги внесете во својата исхрана

0
1596

„Овој вирус има различни варијанти и додека некои го пребродуваат без воопшто да дознаат дека го имале, други со тешки симптоми се лекуваат дури и до 2 месеци, а трети завршуваат на респиратор или пак починуваат. Јас, со оглед на тоа што не ги исполнував оние критериуми кои беа потребни за да ме тестираат, а дури и во развиена и богата земја како Америка, на почетокот од кризата немаше доволно тестови, на крајот решив да се лекувам сам.

Можам да кажам само дека многу тешко го поминав ова и повеќе пати бев дури пред колабрирање, па мојата ќерка беше секогаш подготвена доколку се случи тоа, да ме однесе во болница. Немав температура, но немав ниту кислород и имав многу тешкотии со дишењето, чувство како да ви снемува воздух, како кога сте на некој висок планински врв.

Бидејќи постојано читав и следев како се развива епидемијата уште кога започна во Кина, а во болниците беше хаотично и ми изгледаше уште поризично, почнав да го применувам тој начин на лекување со многу високи дози на витамин Ц и со витамин Д.

Сето тоа траеше речиси два месеци, но сега сум добар“, го раскажува своето искуство нашиот сонародник кој веќе долго живее во САД.

Негов совет е да се земаат превентивно витамин Д, витамин Ц и цинк за да се подигне имунитетот кој ќе ни помогне полесно да го пребродиме вирусот.

Во прилог на ова оди и научниот труд објавен во списанието Nutrients на почетокот на април 2020. година. Станува збор за првиот научен труд кој го поврзува намалениот ризик и смртноста од грип и инфекција со новиот коронавирус со примената на витамин Д.

Го потпишува група американски научници под водство на д-р Вилиам Б.Грант од Сан Франциско, научник кој веќе со години интензивно се занимава со изучување на витамин Д.

Во овој труд, д-р Грант презентира преглед на тековните знаења за механизмите за влијанието на витамин Д врз намалувањето на ризикот од микробни инфекции, со посебен осврт на сезонскиот грип и клиничките и епидемиолошки аспекти на СОВИД-19 кои можат да бидат поврзани со статусот на витамин Д.

Во текот на последните два месеци, постои голем интерес за нутриенти кои можат да бидат корисни за спречување и подобро одбрана од инфекцијата со Ковид 19. Витаминот Д доби посебно внимание, бидејќи неговите позитивни ефекти врз одбраната од инфекции, особено сезонскиот грип, се познати од претходните студии. Шкотската влада ја советуваше својата популација редовно да консумира витамин Д за време на периодот на самоизолација.

Ризичните групи често имаат недостаток на витамин Д

Подобриот увид во смртноста и сериозноста на болеста кај пациенти со КОВИД-19 појаснува дека најтешките форми на болеста се развиваат кај хронични пациенти, особено оние со поголема телесна тежина, хипертензија, дијабетес, малигни заболувања, хронично заболување на белите дробови и постари лица со коморбидитети. Сите горенаведени групи во претходните студии се поврзани со ниско ниво на витамин Д. На пример, дебелите луѓе се добро познати дека редовно бележат ниско ниво на витамин Д, бидејќи овој витамин растворлив во маснотии се складира во масното па го има помалку на располагање во циркулацијата. Друга ризична група се пушачите кои исто така се карактеризираат со лош статус на витамин Д.

Според новиот труд на др. Грант, витаминот Д може да го намали ризикот од инфекција САРС-КоВ-2 на неколку начини. Витаминот Д го стимулира ослободувањето на молекулите наречени кателицидини и дефензиними, а овие супстанции можат да ја намалат стапката на репликација на вирусот. Епидемиолошките показатели укажуваат дека епидемијата избувна во Кина, а потоа и во Европа токму во зимскиот период кога концентрациите на витамин Д во крвта биле најниски кај популацијата. Недостатокот на витамин Д придонесува за развој на синдром на акутна респираторен дистресен синдром кој претставува облик на непожелни клинички настани кај тешко заболените КОВИД пациенти.

Како да се обезбеди доволна количина?

Што може да заклучи „обичен човек“ од сето ова и како да се заштити? Знаењето за глобалниот дефицит на витамин Д кај популацијата сѐ повеќе е во фокусот на интересот на експертите во последните десет години. Сепак, официјалните препораки за дополнителен внес не се во согласност со актуелните сознанија, па дополнителната примена и важноста за контролирање на концентрацијата на витамин Д во крвта му се препушта на секој поединец.

Иако првата реакција би можела да биде луѓето да започнат да поминуваат повеќе време на сонце, со цел да добијат што е можно повеќе витамин Д преку кожата, бидејќи природата така предодредила, сепак со ова треба да се биде внимателен. Само изложувајте се на сонце 10 до 15 минути за да добиете задоволителна количина на витамин Д. Колку повеќе ја изложувате кожата на сонце, толку повеќе витамин Д ќе произведува вашето тело. Оние со потемен тен треба да поминат повеќе време на сонце за да произведат иста количина витамин Д.

Исто така, треба да ѝ се даде шанса на храната, збогатена храна и додатоци во исхраната, а за тешки потврдени недостатоци на витамин Д – лекови. Иако малубројни, постојат намирници кои содржат значителни количини на витамин Д. Имено, внесот на овој витамин преку храната е во просек многу мал кај популацијата, изнесува само 20% од вкупните дневни потреби.

Храната богата со витамин Д3 вклучува риба (туна, сардини, скуша, бакалар, харинга, лосос), ракови и морска храна, некои печурки, квасец, говедски црн дроб и жолчки од јајца, млеко, како и намирници кои се дополнително збогатени со витамин Д, како што се некои маргарински намази, млеко и житарки.

Конечно, важно е да се знае: сончевите зраци и храната, односно природните начини на добивање на витамин Д, не можат да доведат до предозирање, но затоа суплементите можат.

Фото: Pixabey