Макала во боја

Ако сакате хумус и печено цвекло, па можеби и малку батат, па сенф, ѓумбир и мед, комбинирајте и уживајте во различните бои и вкусови

0
272

За жал, толку многу макала во еден ден, направени онака, од ракав, не можат да се повторат. Затоа, наместо рецепт, ќе ве охрабриме да импровизирате.

Ако го сакате вкусот на хумусот и на печеното цвекло, на слаткиот компир или на оној стар добар сос од мед, ѓумбир и сенф, пуштете ја фантазијата да ви ја води раката и да ги комбинира состојките, а потоа погодувајте кое макало од што е направено.

Ние можеме да ви дадеме само неколку идеи:

Од вечер, испечете во рерна цвекло и, ако имате, сладок компир.

Следниот ден нема да морате да чекате да се изладат, туку веднаш преминувате во акција.

На пример, ставете во блендер цвекло, батат, многу магдонос, сок од лимон, лукче, сол, црн пипер, црн сусам, маслиново масло и варен наут.

Направете друго макало со цвекло, младо сирење или урда, павлака, маслиново масло и индиски ореви. Изблендирајте се заедно и зачинете по желба.

Третото е класичен хумус, наут, сок од лимон, таан, маслиново масло, лукче, сол, кумин. Изблендирајте се заедно.

Следното е повторно се исто како за класичен хумус со додаток на цвекло.

И на крајот, онаа позната комбинација од мед, сенф и ѓумбир.

Сето ова оди одлично со пржен лосос, пилешки прсти или само со крекери.