Некогаш најинтересна приказна за краставиците беше таа дека се тие овошје, а не зеленчук.
Но, една студија на Институтот Сан Диего официјално ја зголеми вредноста на овој освежувач на сендвичите во статус на суперхрана. И покрај 95 проценти содржина на вода, здравствените придобивки од краставицата се чини дека не престануваат со ниската калориска вредност.
Научниците согледале некои нејзини потенцијали на клеточно ниво. Дозволете ни да објасниме.
Природниот дел од процесот на стареење вклучува зголемување на бројот на таканаречените клетки во мирување – оние што дотрајуваат – во здраво ткиво, што предизвикува постепено губење на неговата функција. Кога бројот на овие клетки ќе порасне, шансите тие да станат канцерогени и да започнат да се шират низ целото тело значително се зголемуваат. Елиминирањето на создавањето на овие потенцијално опасни клетки е работа на сенолитиците, молекули кои имаат потенцијал да превенираат болести поврзани со стареењето.
Научниците откриле дека еден од најдобрите сенолитици достапни во природна форма во краставицата: фисетинот не само што хируршки прецизно ги отстранува дотраените клетки, туку и значително ги намалува воспалителните процеси, уште еден фактор што го зголемува ризикот од карцином во натамошниот период од животот. Со застрашувачки скок на пациенти со карцином на простата, овој освежувачки залак дефинитивно вреди да се џвака. Додадете го во кошницата.
Фото: Pixabey