Магнезиум за притисок, витамин Б6 за имунитет: Што му е потребно на организмот и како го покажува тоа?

Денес сите ние сме под стрес, а магнезиумот го подобрува расположението и помага за совладување на стресот. За да бидете поспокојни и поздрави не прескокнувајте ја храната богата со овој незаменлив минерал.

0
763

Научниците од Универзитетот во Минесота во својот труд „Food As Information – Examples od the Roles Nutrients Play” (Примери за тоа како хранливите материи влијаат на организмот), откриваат како хранливите материи делуваат на одделни органи и им овозможуваат да ја извршуваат својата функција. Тие исто така забележуваат дека оваа презентација е само илустрација и дека многу повеќе хранливи материи се вклучени во процесите што ги наведуваат, вклучително и минерали во трагови и ко-фактори.

• Витаминот А, витаминот Е, цинкот, фолната киселина, витаминот Б-6, рибофлавинот, магнезиумот, селенот, витаминот Ц, се важни за имунолошката функција

• За нервниот систем: натриум, калиум, магнезиум, калциум, витамин Б6, фолна киселина, Б-12, бакар, витамин Ц

• За регенерација на ткивата: витамин А, витамин Е, бакар, рибофлавин, магнезиум, витамин Б6, витамин Ц

• За метаболизмот: калиум, тиамин, ниацин, витамин Б6, магнезиум, рибофлавин, фолна киселина, витамин Ц

Магнезиумот е неопходен за сите горенаведени функции.

Магнезиумот е минерал кој се наоѓа во целовитите зрна, пченичните никулци, оревите и семињата (особено семки од тиква), соја, тофу, темно чоколадо, темно зелен зеленчук, мешунки, јогурт и други млечни производи, риби.

Меѓутоа, на количината на магнезиум во која било храна богата со магнезиум влијае содржината на тлото на кое се одгледувала храната. А факт е дека процентот на магнезиум во почвата во текот на минатиот век, значително се намалил, такашто не е секогаш едноставно да се внесе во доволни количини исклучиво преку храната.

Функции на магнезиумот

  • Потребен е за здрави коски
  • Учествува во преносот на нервните импулси
  • ги релаксира мускулите
  • Ја зголемува енергијата
  • Придонесува за здравјето на крвните садови
  • Го намалува крвниот притисок
  • Го зголемува HDL холестеролот
  • Помага во контролата на шеќерот во крвта
  • Го поттикнува заздравувањето на раните
  • Ја подобрува имунолошката функција

Што се случува кога на телото му недостасува магнезиум

Ако некое лице не добие доволно магнезиум во текот на еден временски период може да му се појави

  • висок крвен притисок
  • грчеви во мускулите
  • аритмии
  • запек.

Потребата за магнезиум се зголемува кај луѓе кои се под стрес, кои се раздразливи и склони кон депресија, имаат проблеми со грчеви во мускулите, киселини и бавно варење, кај спортисти, бремени жени и доилки.

Како да се обезбеди доволна количина на магнезиум

Повеќето растенија и јаткасти плодови содржат магнезиум. Консумирањето на сончоглед, соја, ореви, семки од тиква, грав, леќа или интегрален леб, зелена салата, морска риба, банани и чоколадо го покачува нивото на магнезиум во организмот.

Денес сите ние водиме стресен живот, а магнезиумот го подобрува расположението и помага при стрес. За да бидете поспокојни и поздрави не прескокнувајте ја споменатата храна, богата со овој незаменлив минерал.

Неодамнешните истражувања покажаа дека ако станува збор за ниско ниво на магнезиум, најдобро е да се компензира преку додатоци во исхраната.

Фото: Pixabey