Магарешки трн, природен лек за регенерација и детоксикација

Магарешкиот трн е високо ценет природен лек кој е на многу начини корисен за здравјето. Докажано е дека е одличен во спречување на цироза, намалувајќи го оштетувањето на црниот дроб предизвикано од злоупотреба на алкохол. Помага во обновување на клетките на црниот дроб и нивна детоксикација. Се смета дека има способност да заштити од рак и висок холестерол.

0
2915

Магарешкиот трн (Silybum marianum), познат и под многу други имиња во различни делови од светот, под ова е познат поради едноставна причина што токму со него се хранат магарињата во оние предели во кои расте, а тоа се обично пределите со суво или карпесто тло. Инаку, познат е и како дива артичока, млечен трн, магарешка салата, сикавица, итн. Сите тие се различни имиња за едно лековито растение кое е познато уште од античко време. Плиниј го препорачувал за стимулирање на жолчката, за внатрешни болки, а за истата цел го користеле и Парацелзус и Хилдегард.

Магарешкиот трн се користел во народната медицина за лекување на маларија, гинеколошки заболувања, болести на слезината … но неговото најпознато лековито дејство е она што го има врз црниот дроб. Се смета за едно од најдобрите лековити растенија за заштита, регенерација и детоксикација на црниот дроб. Докажано е дека е одличен во спречување на цироза, намалувајќи го оштетувањето на црниот дроб предизвикано од злоупотреба на алкохол. Помага во обновување на клетките на црниот дроб и нивна детоксикација. Се смета дека има способност да заштити од рак и висок холестерол.

Супстанцијата силимарин, која е содржана во семето на плодот, се користи за спречување и лекување на заболувања на црниот дроб кои се резултат на прекумерно консумирање на алкохол и труење од органски отпад кој настанува поради дисфункција на црниот дроб.

Силимаринот докажано ги обновува клетките на црниот дроб и го стимулира нивниот раст, па успешно го „чисти“ црниот дроб од хепатитис и цироза. Исто така, го зголемува нивото на глутатион, најважниот антиоксиданс во црниот дроб. Народни билкари, исто така, тврдат дека може да спречи раст и развој на клетки на рак на простата, како и дека е единствен лек кај изумирање на ткивото на црниот дроб поради труење со еден вид отровна печурка (зелена пупавка), а тоа не го оспорува фармацевтската индустрија.

Најголема концентрација на корисни состојки има во семето на магарешкиот трн. Покрај силимаринот, семето е богато со тирамин и хистамин, па затоа е ефикасно во лекување на жолтица, жолчни камења, крварење, бронхитис и проширени вени. Исто така се користи во разни мешавини за зајакнување на организмот, кај проблеми со циркулацијата, крвните садови и варењето на храната. Списокот на болести лекувани со ова растение исто така вклучува мигрена, вртоглавица, низок крвен притисок, алергии, астма, замор и настинки. Исто така се препорачува за проблеми со надбубрежната жлезда, воспаление на слепото црево и псоријаза.

Дејствува како природен естроген, го стимулира производството на млеко кај доилки и го регулира менструалниот циклус. Во овие случаи, се зема во форма на чај и во комбинација со други лековити билки. Не се препорачува само за жени со фиброидни тумори, рак на грлото на матката, јајниците и дојките.

Магарешкиот трн го стимулира дејството на жолчката и затоа е добар како додаток во третманот на проблеми поврзани со функционирањето на жолчката и црниот дроб. Исто така, широко се користи против дијабетес, запек, за лекување на хемороиди … Најновите резултати покажуваат дека растението спречува развој на малигни заболувања, дијабетес тип 2 и го ублажува покачениот холестерол, триглицериди, крвен притисок и прекумерна тежина.

Тој е добар сојузник на секој што зема повеќе лекови одеднаш, бидејќи помага да се одржи рамнотежата на функцијата на црниот дроб.

Бидејќи само високи вредности на лековитите супстанции постигнуваат терапевтски ефект, фармацевтите препорачуваат употреба на готови препарати во форма на таблети, капсули, дражеи и тинктури кои можат да се купат во аптеките, но и во форма на чаеви. Чаевите се подготвуваат и против нискиот крвен притисок, за зајакнување, подобар апетит, против морска болест, нарушувања на жолчката (камења, болка) …. Се дава и против астма, треска, главоболка и уртикарија.

Како да направите чај?

Чајот се подготвува со преливање на 1 до 2 лажички сушена билка со 2 дл врела вода, покријте го и оставете го 15 минути. Потоа се меша и се цеди, а чајот се пие незасладен, полека, со мали голтки, три пати на ден пред јадење. Особено е ефикасен при детоксикација на замастен црн дроб, се препорачува за алкохоличари, но и за други здравствени проблеми што ги третира ова растение.

Фото: Pixabay