Ви се јадат тестенини со кои добро би одело песто, а дома немате свежи билки? Нема проблем! Се разбира, ако имате лимони. Лимон пестото е крал на летото заради својот освежувачки вкус. Свежината, вкусот што го дава мешавината од маслиново масло, ореви и сирење, како и пикантноста на лутите зачини се идеални не само со тестенини, туку и со леб или месо.
Состојки за песто од лимон:
1/2 чаши ореви
1 непрскан лимон
1/4 чаша рендан пармезан
1 чешне лук
1/2 лажичка шеќер
1/4 лажичка сол
чили
1/4 чаша маслиново масло
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Оревите ставете ги на хартија за печење и печете ги околу осум минути, повремено протресувајќи ја тепсијата. Потоа извадете ги да се изладат.
2. Исечете го лимонот на четвртини. Земете три парчиња и исчистете ги од семки, а потоа ставете ги во блендер и измешајте ги малку, за да бидат иситнети, но не и како пире. Последната четвртина лимон искористете ја за нешто друго.
3. Мешајте ги оревите со пармезан, лук, шеќер, сол и чили, постепено додавајќи го маслото. Бидете внимателни да не ја претворите во паста и да оставите одредена структура. Послужете со тестенини или како додаток на некое друго јадење по желба.
Фото: Pixabey