Состојки:
Интегрални мафини
80 г интегрално брашно
40 г кокос
70 г бадемово брашно (ако немате, можете да ставите гриз или овесно брашно кое лесно ќе го направите и сами ако си ги сомелете овесните снегулки кои обично ги појадувате со јогурт)
2 поголеми зрели банани
2 јајца
60 г кафеав шеќер
125 мл кокосово масло (или растопен путер)
1 и ½ лажичка прашак за пециво
½ лажичка сол
½ лажичка цимет
Кора од лимон
Сок од ½ лимон
Приготвување:
Помешајте ги сите суви состојки. Згмечете ги бананите и попрскајте ги со сок од лимон.
Изматете ги јајцата и шеќерот па додадете го растопеното кокосово масло и сите суви состојки. На крајот додадете ги бананите и ставете ја смесата во модли или во хартиени чашки.
Печете 20 минути на 180C.
Јогурт со семки:
3 лажици овес
1 лажичка чиа семки
1 банана
3 дл јогурт
1 лажичка мед
½ лажичка цимет
Кора од лимон и сок од лимон по желба
Приготвување:
Помешајте ги во тегла сите состојки и оставете да стојат барем 20 минути или преку ноќ. Пред послужување помешајте банана или некое зрнесто овошје.
Фото: Pexels