Лек за сите болести: Протеинско брашно кое кај нас ретко се јаде

Оваа житарка се сади во пролет и зрее во текот на летото. Прво се става да се исуши, потоа се пржи и на крај се меле за да се добие брашно. Тибетанците веруваат дека не постои проблем што не може да го реши.

0
387

Цампа е основна тибетска храна која се смета за лек за сите болести – го намалува лошиот холестерол и крвниот притисок, се става на болен заб, се јаде за подобро варење… Тибетанците веруваат дека не постои проблем што оваа храна не може да го реши. Станува збор за пржено брашно од јачмен што традиционално се додава во солениот тибетантски чај со додавање путер, но може да се помеша и со обична вода и пиво.

Обично со прсти се обликува мазна топка од течноста и брашното и се јаде за појадок, ручек или вечера. Одлично заситува бидејќи е богат со протеини, но содржи и вредни витамини и минерали. Од цампа се печат леб, пецива и колачи, а исто така се додава и како згуснувач во супи и чорби.

Употребата на ова брашно во Тибет не изненадува ако се знае дека јачменот е една од ретките житни култури што успева на голема надморска височина. Јачменот се сади на пролет и зрее во лето. Прво се става да се исуши, потоа се пржи и на крај се меле за да се добие брашно.

Обично брашно од јачмен е исто така достапно и во нашите продавници за здрава храна.

Фото: Pixabay