Во еден период од животот, скоро секој од нас се соочува и се бори со лошото варење.
Во повеќето случаи, варењето на храната е нарушено и забавено заради лошата исхрана, стресот и премалку вежбање.
За да се регулира варењето, ајурведската медицина препорачува да пиете една чаша Ласи пред или за време на ручекот.
Заедно со водата од ѓумбир и пијалакот кањи, Ласи е третиот важен пијалак што го среќаваме во ајурведските клиники.
Која е тајната на Ласи?
Ласи се подготвува со домашен јогурт, вода и лековити зачини и додатоци.
Ласи како и напитокот Кањи ги балансира сите три доши (типови на тело според Ајурведата), додека истовремено го зајакнува варењето, го зајакнува имунитетот и ја зголемува долговечноста.
Процесот на подготовка на Ласи е многу едноставен.
Се прави од домашен јогурт, кој е свеж и се разликува од купениот по вкусот и лесната сварливост.
Постои уште една, мала, но многу важна разлика помеѓу купечкиот и домашниот јогурт.
Корисните бактерии во домашниот јогурт се свежи и активни.
За жал, тоа не е случај со купениот јогурт кој останува во продавницата долго време на ладно место и со текот на времето губи корисни бактерии и станува тежок за стомакот.
Свежиот јогурт воспоставува здрава микрофлора и го зајакнува имунитетот.
Ја намалува подуеноста и ја олеснува и забрзува работата на дигестивниот систем, помага при запек, дијареа и други стомачни пореметувања.
Рецепт за домашен јогурт
Состојки:
1 литар домашно млеко
2 лажици домашен јогурт
Приготвување:
Загрејте го млекото додека не се запени. Тргнете го од оган и оставете да се излади до 37 степени C.
Ако немате кујнски термометар, ставете го малиот прст во млекото и проверете ја температурата. Температурата треба да биде слична на температурата на прстите (37 ºC е нормална телесна температура).
Кога млекото ќе ја достигне саканата температура, истурете го во тегла и додадете 2 лажици домашен јогурт.
Јогуртот мора да биде на собна температура и, се разбира, со најдобар квалитет.
Можете исто така да користите цврст јогурт, односно, кисело млеко од продавница за да го подготвите првиот домашен јогурт како „стартер“.
Измешајте го млекото со јогуртот и покријте ја теглата (или керамичката чинија) со капак.
Ставете ја теглата на топло место. Потребно е само малку топлина за да се активира јогуртот. Консумирајте свеж јогурт во текот на денот.
Зачувајте две лажици јогурт за следната подготовка!
Напитокот Ласи е најдобро да се консумира пред ручек или со ручек за да помогне за здравјето на вашиот дигестивен систем.
Освен со главниот оброк, тој е одлично освежување во жешките летни месеци.
На ајурведските клиники на клиентите им се нудат два вида пијалаци – солен и сладок Ласи.
Солениот Ласи е особено добар за стимулирање на дигестивниот систем, додека слаткиот Ласи го храни и смирува телото.
Еве го и рецептот за солено Ласи:
Состојки:
1 чаша домашен јогурт
3 чаши вода (собна температура)
прстофат ѓумбир
прстофат хималајска сол
прстофат црн пипер
прстофат кумин
Приготвување:
Во блендер ставете вода, јогурт и зачините и измешајте.
Ако немате блендер, измешајте со рачен миксер додека не се формира фина пена.
Пробајте го пијалакот и додадете или намалете ја количината на зачини по ваш личен вкус.
Ѓумбирот, црниот пипер и кимот го стимулираат варењето и ги зајакнуваат желудникот и цревата.
Ласи е веднаш подготвен за консумирање, затоа подгответе го непосредно пред ручек.
Фото: Pexels