Лазања со брокула

Брзо јадење кое е готово за помалку од половина час. Лазањите од брокула е одлична препорака за сите што го сакаат овој вид зеленчук, особено кога фантастично се комбинира со италијанска паста.

0
392

Состојки:

1 брокула
6 парчиња лазања

200 г кашкавал

450 г рикота, моцарела или урда

За бешамел сос:

100 г путер

4 лажици брашно

900 мл млеко
лук  и морско оревче по вкус
сол
мелен црн пипер

Приготвување:

Во врела и солена вода, на која ќе ѝ додадете масло, сварете ги лазањите. После две минути готвење, исцедете ги и измијте ги со ладна вода. Брокулата раздвојте ја на помали цветчиња и згответе ја во посебен сад. Во голема тава, на средна топлина, ставете маслиново масло и додадете ја брокулата. Добро измешајте и извадете ја од оган. Со вилушка, грубо изгмечете ја брокулата и измешајте ја со ренданиот пармезан (или ако немате пармезан, друг вид тврд кашкавал).

На стопен путер пропржете го брашното и полека додадете го млекото кое е на собна температура и постојано мешајте. Додадете ситно сечкан лук или лук во прав, рендано морско оревче, сол и црн пипер.

Еден дел од лазањата се реди во подмачкана тава. Нанесете дел од смесата со брокула, дел од исечканото сирење и дел од бешамелот. Потоа повторете ја постапката и завршете со лазања. Одозгора попрскајте со преостанатиот бешамел сос и остатокот од ренданиот кашкавал.

Печете ги на 220 степени додека не добијат златна боја.

Кога се сварени претходно и брокулата и лазањите, довочни се само 7-8 минути додека да се растопи кашкавалот.

По желба, поросете со оригано.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.