Ретко кој може да му одолее на парче добро разладена лубеница во врел летен ден. Иако е многу сочно и освежувачко, ова овошје се расипува брзо и треба да се конзумира што е можно поскоро.
Не ја фрлајте, искористете го секое сочно парче. Еве што ви предлагаме …
Сорбет од лубеница
Ви остана лубеница што не можете да ја изедете пред да почне да се расипува? Направете освежувачки сорбет. Само изматете го слаткото црвено овошје со малку сок од лимон и ставете го во замрзнувачот неколку часа за да замрзне.
Коцки мраз од лубеница
Бидејќи лубеницата има висок процент на вода, таа е исто така идеална за подготовка на зачинети парчиња мраз. Измешајте ја лубеницата во блендер па ставете ја во садови за правење коцки мраз, а потоа користете ги во коктели. Коцките мраз од лубеница ќе одат особено добро со сангрија.
Смуди
Какво би било тоа смуди без сочно замрзнато овошје? Остатоците од лубеницата пресечете ја на помали парчиња, чувајте ги во замрзнувач, па искористете ги следниот пат кога ќе подготвувате вкусен напиток.
Салата од лубеница
Можете исто така да ја користите лубеницата и за да подготвите солена салати. Да, добро прочитавте. Ова летно овошје оди добро со фета сирење, рукола и нане.
Лубеница на скара
Дали сакате да уживате во лубеницата на нов начин? Исечете ја на парчиња, малку посолете ја и ставете ја на скара. Верувале или не, овој трик дополнително ќе ја потенцира нејзината слаткост.
Лубеница во супа
Дали сте слушнале за гаспачо? Оваа шпанска супа обично се подготвува од изблендирани свежи домати, краставици и друг зеленчук и се служи ладна. Наместо свежи краставици во супата, ставете го зелениот дел од лубеницата што повеќето луѓе го фрлаат во ѓубре, и поиграјте си со остатокот од вкусот.
Лубеница во суши
Можете исто така да ја користите лубеницата за да подготвите вегетаријанско суши. Црвеното овошје исечете го на мали парчиња и измешајте ги со свежи краставици и авокадо и добро измешајте го со свежи краставици и авокадо па завиткајте го ориз и алга.
Фото: Pexels