Кромид, брокула, пиперки … Овие намирници не се добри за готвење, поздрави се ако се јадат сирови

Не можете да замислите вариво без кромид? Можеби денес ќе престанете да го варите...

0
453

Знаеме дека некои намирници е подобро да се јадат термички обработени, а некои пак е најдобро да се јадат сирови. Но со многу од нив го правиме токму спротивното. На пример, доматите најчесто ги јадеме свежи, во салата, а ликопенот, пигментот кој им ја дава бојата, има изразени антиоксидантни карактеристики со докажани антиканцерогени ефекти и утврдено е дека поголеми концентрации има во термички обработените домати.

Исто така термички обработените моркови, спанаќ, печурки, зелка, обезбедуваат повеќе антиоксиданси, отколку кога би ги јаделе свежи, во сиров облик.

Еве кои намирници е најдобро да се консумираат сирови:

Брокули

Можеби не ви се допаѓа многу, но исто така можеби не знаете дека е подобро да ја јадете сирова кога речиси и да нема мирис. Брокулата е полна со антиоксиданси кои можат да помогнат во спречување на разни болести, како што се рак, дијабетес тип 2, срцеви заболувања, воспаленија и депресија… Едно истражување докажало дека нашето тело ги апсорбира состојките од брокулата многу подобро кога ја јадеме сирова, а друга студија советувала дека со термичка обработка се губи витаминот Ц. Најмалку на содржината ќе влијае готвењето на пареа, па ако воопшто не ви е вкусна сировата брокула, пробајте го овој метод.

Кромид

Кромидот е полн со здрави компоненти и некои силни состојки, како што е кверцетинот, кој е силен заштитник од развојот на рак.

„Кога се јаде сиров, внесувате во организмот максимална количина од овие здрави компоненти во вашето тело“, вели нутриционистот Ешли Валтер. Покрај тоа, содржат и компонента која штити од развој на кардиоваскуларни заболувања. Истражувањата потврдуваат дека само 30 минути загревање на кромидот во рерната ги уништува сите споменати состојки.

Лук

Како и кромидот, лукот го штити здравјето на срцето и исто така ќе реагира на топлината. Студија објавена во списанието Journal of Agricultural and Food Chemistry објаснува дека загревањето на кромидот 6 минути во рерна на 200 степени ќе ги уништи тие својства, во зависност од тоа дали кромидот е цел или исечен. 20 минути готвење на лукот целосно ги уништува сите антибактериски активности, а само една минута во микробранова печка ќе уништи 100 проценти од состојките кои помагаат во борбата против ракот.

Боровинки

Веројатно до денес научивте дека боровинките се одлични за вашето здравје, но дали знаете колку се здрави? Боровинките честопати се нарекуваат „суперхрана“ бидејќи содржат високи концентрации на полифеноли (антоцијанини, процијанидини, кверцетин и фенолна киселина). Нутриционистите препорачуваат консумирање свежи боровинки затоа што имаат подобар вкус и не губат ништо од нивната хранлива вредност.

Ова овошје има уште една предност, а тоа е дека не губи вредност ако ги чувате во замрзнувач, па можат да се јадат цела година! 100 грама боровинки содржат толку антиоксиданти како пет исти порции од кое било друго овошје. Тие ќе ја заштитат вашата кожа од стареење и ќе ве заштитат од разни тумори, срцеви заболувања, артритис, астма, губење на меморијата и сите други болести поврзани со стареењето. Боровинките се полни со витамин Ц и се одличен извор на влакна.

Црвени пиперки

Печените пиперки се совршен додаток на секое јадење, но можеби е попаметно да ги јадете сирови. Од целата храна што го зајакнува имунитетот, црвената пиперка е еден од најдобрите извори на витамин Ц, а со загревање може да се изгуби оваа важна хранлива материја.

Кељ

Ова растение содржи компонента наречена глукозинолат, а кога ќе дојде во контакт со други ензими, таа се претвора во компонента која е силен борец против развојот на одредени болести. За жал, варениот кељ повеќе нема да ја содржи оваа компонента, па затоа е паметно да се јаде сиров.

Цвекло

Одамна цвеклото се користи за лекување на анемија, а тоа особено се должи на пигментот бетацијанин, кој ја зголемува способноста на хемоглобинот да го носи кислородот до клетките. „Пигментите бетаин и бетанин исто така имаат антихипертензивно дејство. Имено, бројни студии покажаа дека цвеклото и неговиот сок имаат ефект на намалување на високиот крвен притисок. Неколку студии му припишуваат заштитен ефект врз црниот дроб“, објаснува нутриционистката Дијана Петришевиќ за порталот ordinacija.hr и објаснува дека термичката обработка води до губење на витамини и распаѓање на антиоксидантните компоненти, носители на пигментот. Со процесот на конзервирање исто така се губат некои витамини растворливи во вода, особено витаминот Ц. Сепак, конзервираното цвекло сè уште е вреден извор на хранливи материи бидејќи овошјето во конзерва се бере на врвот на сезоната кога е најбогато со хранливи материи, истакнала Петришевиќ.

Ананас

Печениот ананас може да биде интересен додаток на јадењата, но со термичка обработка, овој деликатес може да изгуби и вредни хранливи материи. Една студија објавена во списанието Inflammatory Bowel Diseases наведува дека свежиот ананас е многу посилен сојузник кога станува збор за спречување на воспалителни процеси во цревата отколку обработениот ананас.

Фото: Pexels