Крем од јапонски јаболка

За овој сочен крем, освен јапонски јаболка кои сега ги има во изобилие, ви треба само уште какао во прав.

0
1093

Состојки:

2 зрели јапонски јаболка (каки)
2 лажици какао во прав
1 јапонско јаболко за украсување
По желба, парченца од какао или темно чоколадо за поросување

Приготвување:

Излупете ги двете зрели јапонски јаболка и заедно со какаото претворете ги со помош на миксерот во вкусен крем.

Излупете го и преостанатото каки, ​​па пресечете го на коцки и додадете го како украс на врвот на кремот.

Фото: Pexels