Кој не сака да витка сарми?

Сарми и растурена сарма...вкусот не е баш ист, ама не е лошо да ја имате предвид и оваа побрза и поедноставна варијанта за оние денови кога не сакате да губите многу време со ручекот.

0
558

Доколку ви се јадат сарми, ама виткањето не ви оди од рака, или едноставно не сакате да се задржувате долго во кујна, направете ја оваа, таканаречена, растурена сарма.

Да не се лажеме, вкусот не е ист, ама тоа не значи дека не е вкусна. Особено ако додадете и исечкана сланина во меленото месо…

Значи, ви треба кисела зелка, 500 г мелено месо, 1 морков, шолјичка ориз, кромид, и 200 г сечкана сланина, 500 мл сос од домати.

Правете се исто како за сарми, а зелката исечете ја како за салата и пропржете ја. Колку подолго ја пржите толку пократко време ќе ви треба за печењето во рерна, но ако не ви се стои покрај шпоретот, доволно е само да омекне.

Ставете ја зелката во малку подлабока тава, зачинете, додадете некој ловоров лист, па ставете го филот, и одозгора уште остатокот од зелката и печете. Слично како што се прави и мусака. Многу побрзо и полесно отколку виткање сарми, нели?