Антибиотиците се важни ако имате бактериска инфекција. Сепак, тие можат да имаат несакани ефекти, вклучувајќи дијареја, оштетување на црниот дроб и промени во вашиот микробиот. Затоа е важно да се земаат пробиотици за време и по антибиотската терапија, со цел да се намали ризикот од дијареја и да се санираат штетите кои им се нанесени на добрите бактерии во вашето тело.
Храна богата со растителни влакна, ферментирана храна, како и пребиотици треба да се земаат по антибиотската терапија, со цел да се опорави микробиотот во цревата. Во овој текст, ние објаснивме што треба да јадеме за време и по антибиотската терапија.
Земете пробиотици за време и по антибиотската терапија
Антибиотската дијареја е честа, особено кај децата. Истражувањата покажале дека земањето пробиотици или живи добри бактерии го намалува ризикот од дијареја предизвикана од антибиотици. Пробиотиците што содржат бактерии од родот Lactobacilli и Saccharomyces се покажале како најкорисни. Бидејќи овие пробиотици се и самите бактерии, антибиотиците можат да ги убијат и нив. Затоа е важно да се земаат антибиотици и пробиотици во различно време, со неколку часа разлика. Пробиотиците треба да продолжат да се земаат дури и откако ќе престанете со антибиотската терапија, со цел да ги вратите добрите бактерии во цревата.
Јадете ферментирана храна
Ферментираната храна настанува под влијание на бактерии и ги вклучува јогуртот, кефирот, киселата зелка, комбухата, кимчи, мисо паста мисо,… Оваа храна содржи примероци на добри бактерии, како што се лактобацилите, што може да му помогне на микробиотот да се опорави. Ферментирана храна треба да се јаде во текот на земањето антибиотска терапија. Обичен јогурт или јогурт со пробиотици исто така може да ја олесни или спречи дијарејата предизвикана од антибиотици.
Јадете храна богата со растителни влакна
Човечкиот организам не може да вари влакна, но можат да ги варат бактериите во вашите црева, што го стимулира нивниот раст. Резултатот е дека храната богата со растителни влакна ги храни добрите бактерии во цревата по антибиотска терапија.
Храна богата со растителни влакна
Зрна, овесна каша, леб од цели зрна, интегрален ориз, јаткасто овошје, мешунки, леќа, брокула, грашок, банани, артичоки, итн. Бидејќи храната богата со растителни влакна може да го забави темпото на празнење на желудникот и да ја забави брзината на апсорпција на лекот, најдобро е оваа храна да се јаде по завршувањето на антибиотската терапија.
Јадете пребиотици или храна што содржи пребиотици
За разлика од пробиотиците, кои се живи микроби, пребиотиците се храна со која се хранат бактериите во нашите црева. Многу намирници богати со растителни влакна се пребиотици. Постојат и намирници кои не се богати со растителни влакна, но делуваат како пребиотик. На пример, црвеното вино содржи антиоксиданси полифеноли, кои ги хранат добрите бактерии Бифидобактерии во цревата. Не се препорачува консумирање алкохол и лекови, но затоа какаото, слично на црвеното вино, содржи полифеноли, кои ги хранат добрите бактерии Бифидобактерии и Лакробацилус.
Фото: Unsplash