Коронавирусот и храната: како правилно да се исчистат овошјето и зеленчукот?

Според американскиот центар за контрола и превенција на болести, нема докази дека COVID-19 може да се пренесе преку храна. Сепак, по допирањето на која било храна, потребно е темелно да ги измиете рацете, садовите и кујнските површини.

0
445

Познато е дека можеме да ја спречиме инфекцијата со коронавирус со правилно миење на рацете со вода и сапун, такашто некои луѓе дури помислиле да користат иста техника кога станува збор и за храна. Сепак, оваа постапка може да биде исклучително опасна и да доведе до труење. Истото важи и за медицинскиот алкохол и различните средства за дезинфекција што ги користиме за рацете и за површините и просториите во домот.

Поради оваа причина, прашањето што многу не загрижува сите, е како правилно да се измијат овошјето и зеленчукот, откако ќе ги донесеме од продавница.

Термичката обработка на овошје и зеленчук ќе помогне да се спречи потенцијалната зараза. Меѓутоа, ако планирате да ги јадете свежи, добро измијте ги во сад со топла вода и малку алкохол оцет. Потоа исцедете ги, почекајте да се исушат и ставете ги во фрижидер.

Иако ова можеби нема да го отстрани целосно вирусот од површината на храната, важно е да се знае дека, според американскиот центар за контрола и превенција на болести, нема докази дека COVID-19 може да се пренесе преку храна. Сепак, по допирањето на која било храна, потребно е темелно да ги измиете рацете, садовите и кујнските површини.

Вирусот може да преживее на кујнските површини од 24 часа до 9 дена. Според некои студии, коронавирусот се задржува до 12 часа на метална површина, додека на пластика може да преживее и до 9 дена. Поради тоа, веднаш фрлете ги кеси и амбалажите во кои сте ја донеле храната и дезинфицирајте ги површините на кои сте ги ставиле.

Фото: Pexels