Копар: помалку познат природен антибиотик

Благодарение на неговото антимикробно дејство, консумирањето копар, без разлика дали ќе го додадете свеж во јадењата или ќе направите чај од лисјата или семето, ќе го намали нивото на бактерии и ќе ги ублажи инфекциите не само во усната шуплина, туку и во внатрешните органи.

0
463

Дали обично додавате копар во јадењата поради неговата фина арома или кога сакате да ги ублажите тегобите при варењето на храната?

Но, ова растение е далеку повеќе од само зачин.

Ова го знаеле и древните народи како што се старите Египќани, Грци и Римјани, за кои копарот не бил само зачин и симбол на богатството, туку и лек.

Со илјадници години, овој зачин се користи подеднакво за кулинарски и медицински цели.

Неговите лисја, семиња и есенцијално масло носат бројни придобивки за физичкото и менталното здравје.

Многумина не знаат, на пример, дека копарот е моќен природен антибиотик, кој се бори против опасните бактерии, габите и мувлата.

Богати хранливи својства

Познато е дека, исто како и анасонот, копарот ја ублажува надуеноста и гасовите и го зајакнува имунитетот. Покрај тоа, често се користи за да помогне кај грчевите кај деца.

Овој зачин содржи и значителни количини на витамини А и Ц, фолати, железо, калциум и манган.

Неговите лековити својства најмногу се должат на монотерпените, како што се карвонот и лимоненот, потоа на минералите и аминокиселините и флавоноидите, како што се каемферол и виценин.

Докажан ефикасен природен антибиотик

Спроведени се голем број студии за антимикробното дејство на копарот.

Докажано е дека делува против отпорната бактерија Staphyloccocus aureus (Staphylococcus aureus) и го потиснува растот на патогени микроорганизми кои предизвикуваат тешки болести на пченицата и јачменот.

Во 2009 година, откриено е дека екстрактите од копар дејствуваат против скоро сите видови бактерии освен Klebsiella pneumoniae и еден вид Pseudomans aeruginosa.

Како дел од студија од 2005 година, од копарот биле изолирани три супстанции кои покажале силни ефекти против брзорастечките микобактерии.

Есенцијалните масла од копар содржат монотерпени и имаат силно антибиотско дејство. Тие дејствуваат такашто го засилуваат влијанието на антибиотската супстанција нитрофурантоин во борбата против ентеробактерии, како што се E. coli и салмонела.

Некои студии исто така покажале дека екстрактите од копар исто така делуваат одлично против габите, како што е „Кандида албиканс“, што предизвикува непријатна кандида и габичната мувла „Аспергилус нигер“ (вдишување на неговите спори создава аспергилоза).

Други придобивки од копарот

1. Го смирува варењето и го зголемува нивото на енергија

Копарот веќе долго време се користи за смирување на дигестивните проблеми – надуеност, икање и грчеви кај деца, дијареја.

Тој е вистински природен карминатив, што значи дека го намалува формирањето гас во цревата.

Благодарение на масните киселини, копарот е исто така одличен извор на енергија.

2. Дејствува како природен освежувач на здивот

Оваа билка помага во ублажување на проблемите со лош здив.

Таткото на медицината, Хипократ, користел копар во своите рецепти за чистење на усната шуплина.

3. Има моќно антиоксидативно дејство

Копарот содржи монотерпени, кои го активираат ензимот глутатион-С-трансфераза.

Овој ензим помага антиоксидантната молекула глутатион да се поврзе со оксидираната молекула, што инаку доведува до оштетување на клетките.

Исто така, благодарение на есенцијалните масла, кои неутрализираат одредени видови канцерогени, на копарот му се припишуваат антиканцерогени својства.

4. Помага при сузбивање на грчеви во менструацијата

Покрај тоа што помага при варењето, копарот делува и како спазмолитик, па затоа може да биде одличен избор ако страдате од менструални грчеви.

5. Придонесува за здравјето на коските

Копарот се смета за многу добар извор на калциум, па затоа е одличен додаток во исхраната за секој што сака да го спречи пропаѓањето на коските, остеопороза и ревматоиден артритис.

6. Помага при несоница

Флавоноидите присутни во копарот активираат лачење на ензими и хормони кои имаат смирувачки ефект.

Благодарение на ова, копарот може да биде вашиот природен сојузник ако имате проблеми со слаб сон и често будење ноќе.

Копарот денес се користи како природен лек за овие болести:

гастроинтестинални нарушувања
болест на бубрезите
заболувања на црниот дроб и жолчното кесе
губење на апетит
настинки и кашлица
бронхитис
лош здив
депресија
заразни болести
хемороиди и менструални грчеви
чирови на гениталиите
несоница и други нарушувања на спиењето

Лековита примена на копарот

Можете да збогатите разни јадења со сечкан свеж копар, од супи и чорби, до салати и преливи за салати, сè до печен зеленчук. Можете да го додадете во киселите краставички.

Можете исто така да направите лековит чај од лисја копар (свежи или суви) и од семето.

Благодарение на неговото антимикробно дејство, консумирањето копар, без разлика дали ќе го додадете свеж во јадењата или ќе направите чај од лисјата или семето, ќе го намали нивото на бактерии и ќе ги ублажи инфекциите не само во усната шуплина, туку и во внатрешните органи.

Фото: Unsplash