Лекови делови на копарот се лисјата и цветовите што се собираат до созревање и плодовите што се собираат кога билката ќе созрее.
Најчесто се поврзува со исклучително корисен ефект врз здравјето на дигестивниот систем.
Копарот е растение кое има карминативно дејство, ги ублажува грчевите во цревата и го подобрува варењето на храната.
Придонесува за намалување и сузбивање на појавата на гасови и надуеност. Благото дејство го прави погоден во лекувањето на грчеви кај доенчињата.
Копарот често го збогатува вкусот на многу јадења, но со конзумирање на организмот му обезбедуваме и извор на есенцијални масла кои го стимулираат апетитот и лачењето на дигестивни сокови, ја помагаат перисталтиката на цревата, го подобруваат излачувањето на столицата и урината. Понатаму, супстанциите дејствуваат против надуеност и гасови и со тоа ги ублажуваат и смируваат различните дигестивни проблеми, како што се грчевите во желудникот и цревата. Копар се препорачува за смирување на дијарејата, флавоноидите што ги содржи имаат бактерицидно дејство и ги инхибираат бактериските инфекции.
Добро оди со слатководни риби, во вегетаријански јадења со спанаќ, зелка, цвекло, јадења од ориз, а особено со јајца.
Освен како зачин, копарот може да се користи и во форма на чај.
Чај од копар со мед го смирува и релаксира организмот и им помага на оние кои страдаат од стрес и несоница. Есенцијалните масла содржат активни супстанции кои помагаат во активирање на ензимите и хормоните кои имаат смирувачки ефект.
Копарот се препорачува особено за жени, има лековито дејство кај оние кои имаат проблеми со менструацијата, а им помага на мајките стимулирајќи го лачењето на млеко.
Благодарение на испарливите супстанции, ги ублажува респираторните проблеми. Во респираторните нарушувања, алергиите или кашлицата тие помагаат да се расчистат дишните патишта.
Мал број на студии испитувале како копарот придонесува за намалување на ризикот од рак. Истражувањата се во почетна фаза, но докажано е дека придонесуваат за неутрализација на канцерогените. Монотерпените ги активираат ензимите кои се врзуваат за молекули кои поседуваат антиоксидантна активност и спречуваат штетни ефекти во организмот. Нестабилните компоненти на копарот неутрализираат одредени канцерогени супстанции, како што се оние што се наоѓаат во чадот од цигари или чадот од скара.
Некои истражувања покажуваат дека има корисен ефект врз здравјето на кардиоваскуларниот систем, бидејќи има ефект на намалување на холестеролот и триглицеридите во крвта. Флавоноидите што ги содржи обично се сметаат за антиоксиданти кои служат за здравјето на срцето. Кемферолот ги штити срцето, ‘рбетниот мозок и мозокот, виценинот ги штити клетките од зрачење.
Нестабилните компоненти на копарот помагаат при оралното здравје,
за отстранување на лошиот здив, имаат антибактериското дејство, помагаат во борбата со кариес и проблеми со непцата.