Комбинацијата од прокељ и маслиново масло, одлична комбинација против катаракта

Мојот помал брат и мојот помлад пријател имаа катаракта, а една малку постара пријателка која сакала да ѝ го корегираат со ласер видот, дознала дека за тоа нема шанси со оглед на тоа што таа всушност има од тоа истото - т.н. старечко перде

0
238

Со оглед на воведот, очигледно дека голем број луѓе, дури и на возраст за која досега не беше вообичаен овој проблем (станува збор за луѓе на возраст од 50 до 55 години), на нашите очи им треба внимание, а особено им треба помалку време пред екраните. Но ако веќе не можеме да го скратиме тоа време, што заради работните обврски, што заради навика, тогаш треба да обрнеме барем малку повеќе внимание на тоа што го внесуваме во организмот преку храната.

Е токму тука, ви ја препорачуваме следнава комбинација – прокељ со маслиново масло.

Имено, лутеинот, кој се наоѓа во прокељот, го намалува ризикот од катаракта и дегенерација на делот од мрежницата, кој е главна причина за настанување на слепило. Токму затоа, овие намирници се едни од главните заштитници на добриот вид.

Сепак, тоа не е сè што можете да направите за вашето здравје. Ако на прокељот му додадете маслиново масло, неговите состојки ја зголемуваат количината на лутеин што телото ја апсорбира и ја складира.

Вкусната комбинација на прокељ и маслиново масло е една од најлековитите комбинации на намирници.

Фото: Pixabay