Колку јајца дневно можеме да јадеме ?

Консумирањето помеѓу едно и три јајца на ден може да има неколку здравствени придобивки, но варира од човек до човек. Кај оваа количина луѓето можат да очекуваат минимално влијание врз нивото на холестерол.

0
512

До неодамна, јајцата се сметаа за нездрава храна поради нивниот висок холестерол и поголем ризик од срцеви заболувања. Фактот дека жолчката од јајце содржи високи нивоа на холестерол беше главната причина за проблемот поради кој јајцата беа прогласени за нездрави. Се сметаше дека консумирањето на холестерол значително го зголемува нивото на холестерол во организмот, што може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

Сепак, истражувањето покажаа дека јајцата не го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, пренесува Medical News Today.

Холестеролот е масна материја која е неопходна за функционирање на организмот, а количината во организмот не зависи само од внесувањето преку храна, туку и од тоа колку произведува организмот. Околу 80 проценти од холестеролот се произведуваат во црниот дроб, а околу 20 проценти се внесуваат преку храната.

Научниците сега сфаќаат дека холестеролот во исхраната има мал ефект врз нивото на холестерол во организмот.

Добар и лош холестерол

Начинот на кој се пренесува холестеролот во телото одредува какво влијание ќе има. Постојат ЛДЛ и ХДЛ холестерол кој е одговорен за собирање на холестерол кој повеќе не е потребен во организмот. ЛДЛ, од друга страна, го носи холестеролот во областите кадешто е потребен. Високо покачените нивоа на ЛДЛ холестерол значат дека холестеролот може да се наталожи на ѕидовите на артериите.

Придобивки од конзумирањето јајца

Јајцата содржат релативно високо ниво на холестерол, но немаат големо влијание врз неговото ниво во организмот. Тие се висок извор на протеини и содржат минерали и витамини: витамин А, витамин Б и Б12, витамин Д, фолна киселина, јод.

Јајцата се вкусни и лесно е да се вклучат во балансираната исхрана. Најдобар начин да се консумираат јајца е варење и поширање без сол. Јајцата кои се збогатени со омега-3 масни киселини и добиени на фарми со слободно одгледување се најздрави.

Консумирањето помеѓу едно и три јајца на ден може да има неколку здравствени придобивки, но варира од човек до човек. Кај оваа количина луѓето можат да очекуваат минимално влијание врз нивото на холестерол.

Истражувачите не се сигурни дали има горно ниво колку јајца на ден човек може да јаде, и велат дека се потребни повеќе истражувања. Важно е да се нагласи дека ако некое лице нема здравствени проблеми може да јаде јајца во умерени количини. Големи истражувања покажале дека конзумирањето јајца не го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Покрај тоа, освен ако не постои посебно предупредување од лекарот, лицето не треба да избегнува јајца.

Фото: Pexels