Состојки:
4 јајца
500 г тиква
100 г шеќер
150 мл. Стопен путер
200 мл јогурт или павлака
400 г брашно
1 лажица какао
1 лажица рогач
сок од 1 портокал
1 прашок за пециво
2 лажички цимет
2 ванилин шеќер
ѓумбир, морско оревче
сечкани оревчиња за поросување
Приготвување:
Испечете ја тиквата и оставете ја да се олади па изгмечете ја во еден сад и додадете ги зачините.
Во друг сад изматете ги јајцата, шеќерот, павлаката, путерот и сокот од портокал, па додадете ги брашното и прашокот за пециво. Одвојте пола од смесата и додадете ги какаото и рогачот. Истурете ја смесата во тепсија подмачкана со путер. Одозора ставете ја смесата од останатиот дел од смесата кој ќе го помешате со тиквата и обидете се да ја размачкате рамномерно врз првиот слој. Поросете со сечкани оревчиња и печете околу 40 минути.