Состојки:
4 јајца
100 г шеќер (ако сакате можете да ставите 150 г шеќер или да направите како нас, 100 г шеќер + некое овошје, на пример, 5-6 исечкани зрели сливи)
1 ванилин шеќер
2 чаши брашно
1 прашок за пециво
1 лажица какао
1 лажица рум, по желба
2,5 чаши млеко
100 г омекнат путер
100 г мак
50 г чиа семе
За премачкување:
1 чаша мармалад од кајсии
сечкани оревчиња и бадеми
Приготвување:
Ставете ги макот и чиа семето во млекото и оставете ги да постојат барем половина час. Изматете ги пенливо јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете го омекнатиот путер, а потоа и семињата со млекото. Додадете 1 лажица рум, а потоа и сувите состојки (брашното помешано со какао и прашок за печиво). Ако се одлучивте за варијантата со помалку шеќер и ако ви останале неколку зрели сливи, излупете ги и исечкајте ги па додадете ги во смесата.
Истурете ја смесата во подмачкана и набрашнета тепсија и ставете ја да се пече во рерна на 180 степени околу 30-35 минути.
Кога ќе се испече, превртете го колачот и извадете го од тепсијата. Оставете го колачот да се излади, а потоа премачкајте го со мармалад и поросете го со сечкани ореви и бадеми.
Исечете го колачот на коцки и уживајте.