Состојки:
Путер (200 г) – ние ставивме кокосово масло
Шеќер (200 г)
прстофат сол
Брашно (250 г)
3 јајца – ние ставивме само кисела вода наместо обична, но можете да користите и
2 лажички прашок за печиво
125 мл свеж сок од лимон
Рендана кора од лимон
За преливот:
150 мл вода, 150 г шеќер и сок од 1 лимон и 1 калинка
Приготвување:
Во еден сад се матат кокосовото масло и шеќерот, солта, брашното помешано со прашок за печиво и водата и јајцата (или само кисела вода во посната варијанта).
Потоа се ренда малку кора од лимон и се додаваат 125 мл исцеден сок од лимон. Се мати со миксер додека да се добие изедначена смеса.
Смесата се истура во подмачкан калап и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути.
Преливот се прави такашто 150 грама шеќер се мешаат со 150 мл вода, се додаваат сок од лимон и сок од калинка. Кога шеќерот ќе се истопи, се прелива изладениот колач. Одозгора поросете рендана кора од лимон.