Овој стар добар колач со овошје е одличен дури и сега, со замрзнати јагоди, од оние најубавите што ги најдовме летоска и со смрзната аронија, ама и со свежи јаболки. Ова последното е бонус плус.
Состојки:
4 јајца
100 гр шеќер
1 дл масло
1 дл јогурт
170 гр брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
1 ванилин шеќер
350-400 гр замрзнато овошје (ние ставивме јагоди и аронија)
2-3 јаболки
оревчиња по желба
Приготвување:
Јајцата се матат со шеќерот, а потоа се додаваат јогуртот и маслото.
Додадете брашно со прашок за пециво и измешајте уште малку.
Во подмачкано тавче за печење наредете тенко исечени парчиња јаболки, поросете со крупен шеќер и сечкани оревчиња и одозгора истурете ја смесата. Одозгора ставете го замрзнатото овошје и печете околу 35-40 минути на температура од 180 степени.