Не ги земајте мерките здраво за готово бидејќи сите состојки се ставени од ѓутуре. И не мора ни да се баш истите, ориентационо, што ви се наоѓа низ дома и во фрижидерот, тоа ставете.
А во овој колач ставивме:
2 јајца
1 шолја јогурт
1/4 шолја масло
1 згмечена зрела банана
сок од 1 лимон
1/2 шолја суво грозје натопено во малку рум
1/4 шолја мед
1 ипол шолја брашно
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
малку свеж ѓумбир
малку цимет
2-3 ребра црно чоколадо со портокал
2 лажици овесни снегулки
Приготвување:
Измешајте ги јајцата, додадете мед, јогурт, бананата и потоа полека додавајте ги сувите состојки. Сувото грозје и чоколадото искршено на поситни парченца ставете ги на крајот.
Се пече во подмачкано тавче со путер и поросено со брашно и во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути, во зависност од рерната.
Ако сакате киселкаст вкус, не премногу благо и со силен вкус на црно чоколадо, ќе ви се допадне.