Состојки:
6 мандарини
3 јајца
50 г бадеми или ореви
2 чаши брашно
2,5 чаши шеќер
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
180 г путер
Приготвување:
Излупете ги мандарините и исечкајте ги на помали парчиња.
Во сад измешајте ги целите јајца со шеќер и ванилин шеќер. Кога смесата ќе стане посветла и кремава, додадете го стопениот путер и измешајте го малку повеќе. Потоа постепено додавајте брашно и прашок за пециво. Додадете ги мелените бадеми и на крајот, додадете ги исечканите мандарини и полека, со лажица помешајте ги во смесата.
Добиената смеса истурете ја во помал сад за печење што прво мора да се подмачка и набрашни.
Печете во рерна загреана на 180 степени C околу 20-25 минути.
Изладете го печениот колач, поросете го со шеќер во прав и сервирајте.
Фото: Pexels