Коктел за добро утро

Во врела вода, чиа семето ќе набабри за една минута, а доколку сакате, за подобра арома, додадете ливчиња од нане ...

0
296

Покрај тоа што дејствуваат антиинфламаторно, куркумата и црниот пипер во комбинација кои ги додаваме во овој коктел, ги активираат хормоните на среќа.

Ако додадете и сок од лимон и витаминот Ц што го содржи, ќе добиете инјекција за будење на организмот и помош во борбата против анксиозноста и стресот.

Чиа семето обезбедува енергија и има корисен ефект врз целиот организам, а циметот ја подобрува мозочната активност.

Состојки за утринскиот коктел:

1/2 лажичка куркума

1/2 лажичка цимет

Прстофат црн пипер

1 лажичка чиа семе

1 лимон

По желба: мед, ливчиња од нане

Приготвување:

Истурете малку врела вода во чаша, додадете го семето и оставете го да отстои една минута или две.

Додадете ги зачините и измешајте ги за да нема грутки.

Додадете го исцедениот лимон и вода. Ако сакате, додадете мед и ливчиња од нане.

Фото: Pexels