Во последно време многу се зборува за кокосовото масло како еден од најдобрите природни лекови за проблеми со тироидната жлезда. Денес ви откриваме дали е навистина толку лековито
Неодамна странски таблоид објави дека кокосовото масло е нов чудотворен лек што ќе ве ослободи од сите проблеми со тироидната жлезда. Се разбира, ова не е точно, но вистина е дека постојат многу врски помеѓу кокосовото масло и здравјето на тироидната жлезда. Со векови, освен во кулинарството, кокосот се користи и за медицински цели.
Кокосовото масло е заситена маст составена од синџир на масни киселини за кои е докажано дека го забрзуваат метаболизмот и го поттикнуваат слабеењето. Кокосовото масло исто така може да ја зголеми базалната температура на телото. Во организмот се вари многу поинаку од сите други намирници затоа што полесно се разградува во црниот дроб, што доведува до поголемо производство на енергија и поефикасно согорување на маснотиите.
Една од предностите на кокосовото масло е неговиот подолг рок на траење. Многу масла се расипуваат многу брзо, а со цел да се спречи тоа, производителите ги третираат со цел да им го продолжат рокот на траење. Овие хидрогенизирани масла се многу штетни за организмот, а особено за тироидната жлезда. Од друга страна, кокосовото масло е многу тешко да се расипе и не му требаат штетни процеси што би му го продолжиле рокот на траење.
Истражувањата покажале дека кокосовото масло ја зголемува отпорноста на организмот кон вируси, бактерии и габични инфекции, особено оние предизвикани од кандида, сето тоа поради борната киселина што ја содржи. Тој е природен борец против бактериите и многу успешно лекува чиреви на желудник и хеликобактер пилори.
Сите лековити својства на кокосовото масло:
Ја намалува киселината во стомакот, ја олеснува функцијата на мочниот меур
Го намалува ризикот од хемороиди
Лечи болести на цревата
Ја ублажува болката во увото
Ги ублажува симптомите поврзани со зголемена простата
Ја зајакнува функцијата на црниот дроб и го штити од дегенерација
Го олеснува воспалението на мускулите и зглобовите
Поради сите свои лековити својства, многу често може да се најде во козметичките производи затоа што ја храни и хидрира кожата, а може да го користите и за масажа на скалпот и отстранување на првут.
Од сите овие причини, кокосовото масло се смета за еден од најдобрите природни лекови за намалување на проблемите со тироидната жлезда, и доколку имате можност, набавете го и вклучете го во вашата дневна рутина, бидејќи многу брзо ќе почувствувате подобрување на вашето здравје.
Фото: Unsplash