Престанавте да јадете сендвичи и да пиете газирани пијалоци и веќе сте сигурни дека се храните здраво. Италијанските диетолози советуваат дека сепак треба да бидете внимателни.
Постојат намирници што се сметаат за здрави, но се исто толку штетни за вашиот желудник, колку и чипсот! Маслинките, со својот вкус, едноставно не мамат да ги јадеме постојано. Сепак, постојаната консумација на темно зелени маслинки може да доведе до зголемување на нивото на железо во вашиот организам.
Компирите се вистински магнет за бактериите и се еден од зеленчуците што најмногу им помага да се рашират. Научниците предупредуваат дека компирите во руската салата се најопасни во овој поглед, затоа што во неа се појавуваат најмногу бактерии кои предизвикуваат дизентерија.
И кашкавалот може да содржи патогени бактерии, особено ако е направен во домашни услови и од непастеризирано млеко. Тоа важи и за млекото кое се продава во шишиња на пазарите. Постои можност дека навидум здравото млеко може да направи повеќе штета отколку корист.
Иако се смета дека сладоледот нè прави среќни и ни помага да го надминеме заморот, ова ледено задоволство е сепак ризична храна. Пластичните кутии за сладолед од кои ни ги служат топките кои се продаваат во корнети не се секогаш добро дезинфицирани. Тие можат да содржат различни бактерии, како што се салмонела и стафилококи.
Чаденото месо може да содржи многу канцерогени материи. Таквите производи често се обработуваат со помош на вештачки чад, а не оној што настанува како последица од согорувањето на дрвата. Покрај тоа, овие и слични производи е познато дека содржат вештачки бои и конзерванси.
Јајцата исто така се сметаат за храна со висок ризик – салмонелата е присутна во дигестивниот тракт на животните и во човечкото тело се внесува преку недоволен термички третман. Верувањето дека селските јајца не можат да содржат салмонела не треба да се прифаќа без резерва.
Колку и да звучи чудно, доматите често предизвикуваат труење со храна. Бактериите влегуваат во зеленчукот преку оштетената површина, а во човечкото тело преку домати кои не се термички обработени.
Затоа, секогаш изберете домат со мазна површина и без пукнатини на себе или други оштетувања. Зеленчукот во кој спаѓаат магдоносот, копарот и целерот, исто така, го преземаат водството како можни причини за труење со храна, бидејќи тие е тешко да се исчистат и на нивните лисја речиси секогаш остануваат бактерии невидливи за голо око. Бактериите што се наоѓаат на земјата доаѓаат во контакт со гранчињата, а освен тоа, овој вид билки може да собере и штетни материи од земјата, кои се невидливи за нашите очи.
Фото: Pixabey