Кое семе да го одберете – чиа или ленено?

Иако и двата вида намирници се здрави и помагаат во превенцијата на низа состојби и нарушувања, сепак, меѓу нив постојат разлики што треба да ги знаете.

0
1696

Лененото семе и чиа семето ѝ припаѓаат на групата најздрави намирници на светот. Иако и двата вида намирници се здрави и помагаат во превенцијата на низа состојби и нарушувања, сепак, меѓу нив постојат разлики што треба да ги знаете.
Кога внесувате семе во вашата исхрана, треба да имате предвид 3 работи: диеталните влакна, протеините и здравите масти. Кога станува збор за протеини, чиа и лененото семе содржат еднакви нивоа на протеини. Истото може да се каже и за омега 3 масни киселини, фолна киселина, калиум и магнезиум. Ако вашата цел е да го зголемите внесот на овие хранливи материи, не е важно кое семе ќе го одберете на крајот.

Чиа семето содржи повеќе растителни влакна

Ако целта ви е да го зголемите внесувањето на влакна во исхраната, експертите препорачуваат да изберете чиа семе. Една порција семиња чиа ќе задоволи 20% од вкупната препорачана дневна вредност на растителни влакна, додека една порција ленено семе ќе задоволи само 15% од препорачаната дневна вредност. Семето чиа исто така предничи и по присуството на калциум.

Чиа семето содржи повеќе антиоксиданти

Иако и двата видови намирници се одличен извор на антиоксиданси, чиа семето сепак содржи повеќе. Антиоксидансите се неопходни за да се намали нивото на слободни радикали кои го зголемуваат ризикот од разни видови рак, болести и нарушувања. Не исклучувајте го ниту лененото семе затоа што тоа е подобар извор на магнезиум, бакар и витамин Б1.

Чиа семето содржи помалку калории и повеќе јаглени хидрати

Ако вашата цел е да консумирате помалку калории, тогаш експертите препорачуваат чиа семиња. Поточно, 2 лажички семе од чиа содржат 69 калории, додека истата порција ленено семе содржи околу 75 калории. Но, семето од лен е подобар избор кога станува збор за јаглени хидрати. Една порција ленено семе содржи 4 грама јаглени хидрати, додека една порција чиа семиња содржи 6 грама јаглени хидрати.

Лененото семе го намалува ризикот од карцином

Ова е една од најзначајните здравствени придобивки од лененото семе. Тие се одличен извор на лигнани, фитоестрогени кои се многу важни за здравјето на жените. Лигнаните го регулираат нивото на естроген во организмот и со тоа ја намалуваат веројатноста за појава на рак на дојка, еден од најчестите карциноми кај жените.
Семињата од лен го стимулираат слабеењето, го намалуваат притисокот и ја ублажуваат депресијата!

Чиа семето го намалува ризикот од срцеви заболувања

Истражувањата покажаа дека семето чиа го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, метаболички синдром и дијабетес тип 2. Чиа семето го регулира нивото на шеќер во крвта и одржува долго чувство на ситост.

Кога ќе ги земете предвид сите придобивки од семето од чиа и од лен, ќе донесете одлука врз основа на вашите потреби и желби.
Запомнете дека чиа и лененото семе може да бидат замена за други намирници. Не само што треба да ги вклучите во вашата исхрана, туку со нивна помош ќе го намалите внесувањето на други намирници бидејќи ова е единствениот начин да ја постигнете посакуваната телесна тежина.