Кога сливи-џанки ти паѓаат во двор, а ти наместо да ги собереш, само ги метеш

Соседите со години имаат едно дрво чии гранки кои се во нашиот двор, постојано ме нервираат бидејќи од нив кога им е сезона, постојано паѓаат тие мали неугледни сливи, т.н. џанки. Ама време е да ги пикнеме во тенџере...Овие мали сливички кои не бараат ништо, за возврат ќе ни ги штитат коските и ќе ни го подобрат имунитетот, а идеални се за правење на џемови, сокови и колачи.

0
1108

Дивите сливи или како што уште се викаат – џанки, имаат важна улога во спречувањето на појавата на атеросклероза и развојот на различни видови на рак.

Со оглед на тоа што сами никнуваат, можеме да бидеме сигурни дека плодовите немаат пестициди. Со нивното созревање тие ја менуваат бојата од црвена преку розева до жолта.

Содржат многу хранливи материи и секако го заслужуваат нашето внимание. Тие содржат антоцијани кои се посилни антиоксиданси од витамините Ц и Е. Имаат важна улога во спречувањето на појавата на атеросклероза и развој на различни видови на рак. Освент оа, содржат и калиум, калциум, витамин Ц и витамини од групата Б. Благодарение на тоа  позитивно влијаат врз здравјето на коските, нервите и имунитетот. Изобилуваат со пектин, па помагаат во регулирањето на холестеролот во крвта, а добри се и за варењето.

Иако се прилично неугледни па често знаеме да ги заобиколиме, велат дека се идеални за правење на џемови, сокови и колачи.

Па да пробаме.