Било да е розев, жолт или црвен, не го мешајте сокот од грејпфрут со некои лекови што се земаат орално. Имено, овој сок може и за десет пати да го зголеми дејството и нус појавите од лековите за намалување на холестеролот и на други медикаменти. Научниците ја откриле и причината за ова.
Грејпфрутот е богат со соединенија наречени фуранокумарини. Овие соединенија го спречуваат ензимот во цревата да го „изеде“ лекот пред да биде апсорбиран. Со оневозможување на ваквото дејство на ензимите, телото апсорбира поголема количина на лекот.
Сокот може да содржи повеќе од овие соединенија отколку целиот плод, бидејќи производителите понекогаш додаваат масло од грејпфрут богато со фуранокумарини за да ја засилат аромата. Пол Воткинс, истражувач на Универзитетот во Северна Каролина во Чапел Хил, вели дека тоа откритие би можело да се искористи за да се направат поделотворни лекови.
Фото: Pixabey