Кисели краставички: здрава опција за салата и за мезе

Киселите краставички се богат извор на минерали, меѓу кои железо, калиум, натриум и фосфор, а содржат и витамини, како што се витамини Ц, А, Б6, Б12, рибофлавин, ниацин и тиамин. Затоа, не ги ставаме залудно во тегли или во буренце со 'жива туршија' секоја есен.

0
429

Едно неодамнешно истражување сугерираше дека ферментираната храна може да биде заслужна за тоа што во земјите кадешто исхраната е богата со неа, стапката на смртност од коронавирусот веројатно ќе биде пониска.

Ако на ова му ја додадеме и нашата навика во зима да консумираме многу ферментиран зеленчук, како кисела зелка, кисели краставички, карфиол, домати, моркови и се она што подразбираме под ‘жива’ туршија, значи дека сме на добар пат. А кога ќе се сетиме дека ретко кој не го сака вкусот на киселите краставички, ни останува само да се потсетиме и дека од нив имаме уште многу други здравствени придобивки.

Киселите краставички го стимулираат здравјето на цревата, го намалуваат шеќерот во крвта, а сокот од кисели краставички ги смирува мускулните грчеви. Тие содржат голема количина вода, протеини, многу малку маснотии и прехранбени влакна. Исто така, тие се богат извор на минерали, меѓу кои железо, калиум, натриум и фосфор. Исто така содржат и витамини, како што се витамини Ц, А, Б6, Б12, рибофлавин, ниацин и тиамин. Затоа, не ги ставаме залудно во тегли или во буренце со ‘жива туршија’ секоја есен.

Киселите краставички се моќен антиоксиданс. Го штитат организмот од слободни радикали – нестабилни хемикалии кои ги оштетуваат клетките во нашето тело.

Го балансираат варењето и го забрзуваат создавањето на „добри“ бактерии, кои се клучни за здраво варење. Покрај подобрувањето на варењето, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира токсините од телото. Научниците открија и дека ферментираната храна, како што се киселите краставички, киселата зелка или јогуртот, може да ја намалат анксиозноста. Пробиотиците или здравите бактерии од оваа храна се одговорни за тоа. За нив се верува дека влијаат на микробиомот на цревата, што дополнително влијае позитивно на мозокот.

Го штитат желудникот и спречуваат создавање на чиреви, а исто така, го стабилизираат нивото на хемоглобин и помагаат во контрола на дијабетисот.

Пиењето сок од кисели краставички има ефект врз грчевите во мускулите кај оние кои се дехидрирани. Сокот од кисели краставици содржи голема количина витамини Ц и Е. Полн е и со антиоксиданти, а оваа комбинација ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе ја подобри општата состојба на организмот.

Исто како јаболковиот оцет, и сокот од кисели краставички може да помогне во слабеењето. Затоа, ако веќе имате домашни кисели краставички, земајте барем една лажица од овој сок на ден и брзо ќе видите подобрување.

Фото: Pixabay