Киноа: Го забрзува метаболизмот, го одржува срцето, го чисти организмот од токсини

Златото на инките - киноата, содржи големи количини на протеини, поради што може да се натпреварува со производите од животинско потекло. Богат е со витамини Е, Ц, калиум, разни минерали, аминокиселини и есенцијални масла. Традиционалната медицина ја користи за лекување на гихт, тумори, хемороиди и ишијас. Полна е со витамини и аминокиселини кои го подобруваат метаболизмот, го чистат организмот и ја нормализираат неговата функција.

0
1450

Киноата се нарекува „Злато на Инките” и „кралица на семките”. Античките цивилизации ја сметале оваа псевдо-житарка за свето растение. Покрај фактот дека киноата им овозможила на луѓето да преживеат дури и за време на војните, оваа житарка може да донесе многу придобивки за организмот.

Придобивките од киноа

Киноата содржи големи количини на протеини, поради што може да се натпреварува со производите од животинско потекло. Богата е со витамини Е, Ц, калиум, разни минерали, аминокиселини и есенцијални масла.

Традиционалната медицина ја користи киноата за лекување на гихт, тумори, хемороиди и ишијас.

Чајот од киноа исто така може да се користи за дезинфекција на устата и непцата, и има смирувачки ефект и се користи за лекување на депресија и невроза.

Ако имате кашлица или настинка, киноата е во состојба да ги ублажи овие симптоми.

Киноата има голема содржина на аминокиселини и протеини и е без глутен. Оваа билка се користи како лаксатив и има моќ да лечи хроничен запек.

Киноата е одлична замена за месото. Ако постите или сте вегетаријанец, не заборавајте да ја вклучите киноата во вашата исхрана. Богата е со растителни влакна, што е неопходно за правилно функционирање на цревата.

Народната медицина ја користи киноата и за лекување на заболувања на кожата, ревматизам, а поради високата содржина на калиум, има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем.

Киноата како кулинарско чудо

Вегетаријанците знаат за што зборуваме кога ќе кажеме дека киноата е вистинско кулинарско чудо. Ако се додаде во зелка, компири или друг зеленчук, ќе ја почувствувате полнотијата на вкусот.

Корисните својства се манифестираат и во присуството на витамини и аминокиселини кои го подобруваат метаболизмот, го чистат организмот и ја нормализираат неговата функција. Бидејќи киноата нема одреден мирис, во јадењата се додаваат лук и кромид, како и други зачини.

Фото: Pixabаy