Карфиол: Малку калории, а многу здравствени придобивки

Го намалува ризикот од рак, добар е за метаболизмот и за чистење на организмот. Одличен е и во превенција на ревматски заболувања и развој на мултиплекс склероза. Помага при проблеми предизвикани од алергии, астма или инфекции на респираторниот тракт.

0
210

Карфиолот ги намалува воспаленијата, го зачувува здравјето на крвните садови и делува превентивно против многу болести. Не содржи маснотии и натриум. Редовното консумирање на овој зеленчук го намалува ризикот од рак. Содржи витамини Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б9, минерали и корисни фитохемикалии. Тој е добар извор на растителни влакна, протеини, фосфор, калиум и има голема содржина на витамин Ц. Исклучително е добар за метаболизмот и за чистење на целиот организам од токсини.

Одличен е и во превенција на ревматски заболувања и развој на мултиплекс склероза. Помага при проблеми предизвикани од алергии, астма или инфекции на респираторниот тракт. Поволно делува на настинки и грип. Докажано е одличен сојузник во борбата против гингивит, заболување на забите, усната празнина и ждрелото.

Успешно ќе спречи развој на разни срцеви заболувања. Богато е и со фолна киселина, која исто така помага во спречување на кардиоваскуларни заболувања.

Нутриционистите препорачуваат карфиол како задолжителна храна на менито на жените кои влегуваат во менопауза, како и на припадниците на посилниот пол кои имаат проблеми со простатата.

Покрај своите лековити својства, тој има и својства на моќен афродизијак. Иако спаѓа во зеленчук што го отвора апетитот, се препорачува на секој што се бори со вишок килограми затоа што има мала калориска вредност. Од сите хранливи материи, содржи најмногу вода.

Карфиолот се користи во исхраната сиров (како салата…), варен (како супа или како прилог), пржен, како додаток на јадења (супи), но и кисела, како зимска салата. Покрај главицата, се користи и стеблото. Бидејќи содржи малку калории и многу корисни состојки, се препорачува во диеталната исхрана, но исто така е поволно и во исхраната на бремените жени.

Може да го подготвите на различни начини, но најдобро е да го јадете свеж или малку обарен и попрскан со маслиново масло.

Фото: Pixabay