Како правилно да ги стерилизирате теглите за зимница? (ВИДЕО)

Понекогаш кога правиме зимница целиот труд може да е залуден доколку не ги стерилизираме добро теглите. Затоа, прв и најважен чекор е токму тоа

0
202

Многу почетници прават огромна грешка на самиот почеток на приготвување на зимница, што е причина нивниот труд да пропадне. Имено, најважниот чекор во подготовката на зимница е стерилизирањето на теглите. Затоа, ако сакате да правите зимница, внимавајте вашите тегли да бидат подготвени за тоа.

Еве го советот на познатиот готвач Џејми Оливер:

Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете ги внатре добро измиените тегли што сте ги наредиле на тепсија. Теглите не смеат да се допираат. По 10 минути, извадете ги од рерната и ако треба да ги помрднете користете стерилизирана фаќалка за да не го уништите подоцна целиот останат труд.

Исто така, треба да ги стерилизирате и капаците со тоа што ќе ги ставите во врела вода на 10 минути. Кога капаците се стерилизирани, извадете ги со помош на исто така стерилизирана фаќалка за салата на пример.

 

Фото: Принтскрин/јутјуб