Како да ја зачувате боранијата во тегли за да ја имате цела година?

Конзервирањето на боранија е лесно. Постојат два многу едноставни начини за да се подготви.

0
388

Боранијата се користи доста често во нашата кујна. Во лето, кога боранијата ја има на пазарите, лесно е да се подготви, но во зима можете да користите само замрзната боранија. Секако, ако не си ја зачувате во тегли на овој начин.

Конзервирањето на боранија е лесно. Постојат два многу едноставни начини за да се подготви.

Во првиот случај, боранијата се чисти од врвовите и дршките. Се бланшира во зовриена, солена вода. Наполнете ги теглите со боранија и на крај додадете малку од водата во која се бланширала. Затворете ги теглите и наредете ги во сад за готвење. Откако ќе зоврие водата, измерете 30 минути и тргнете ги теглите од оган.

И другиот начин за конзервирање на боранијата во тегли е исто така многу едноставен. Боранијата повторно се чисти од стебленцата и врвовите. Секоја мешунка се сече на 2 или 3 парчиња во зависност од должината.

Ставете ја веќе исечканата боранија да се свари во зовриена вода. Додадете сечкан кромид, морков, црвен пипер и неколку чешниња лук и подгответе најобична чорба од боранија.

Кога ќе завршите, наполнете ги теглите и затворете ги. Варете ги теглите со боранијата уште 30 минути.

Вака подготвена боранијата е спремна за брза вечера. Само отворете ја теглата, истурете ја во тенџере со малку повеќе вода, запржете ја на традиционален начин и вечерата е подготвена.

Боранијата во тегли може да се користи и за класични јадења како што се боранија со свинско месо, печена боранија, боранија со компири.

Фото: Pixabay