Како да се искористи цвеклото во борба против ракот на дојка?

Цвеклото, особено неговиот сок, се препорачува за заболени од рак и леукемија. Откријте зошто е толку добро и како најдобро да се искористи цвеклото.

0
259

Пигментот што му дава на цвеклото „виолетова“ боја се нарекува бетацијанин и е многу моќна состојка против канцер. Иако е најефикасен во борбата против ракот на дебелото црево, тој исто така покажал одлични резултати во борбата против ракот на дојка и другите видови на оваа болест.

Терапија

Многу пациенти ја пробале терапијата со цвекло, сирова храна и сокови. Многу од нив и денеска се колнат дека не би можеле да поминат низ терапиите ниту да се изборат со болеста без цвекло. Суштината на терапијата е да се консумираат околу 900 грама сирово, рендано или блендирано, на ден. Можете исто така да го пиете во форма на сок, измешан со сок од моркови, краставици и јаболка. Исто така, се препорачува да јадете цвекло во комбинација со друг зеленчук или овошје (ако ги мешате во блендер и правите сок), бидејќи цвеклото е многу силно и треба да се разблажи.

Во едно истражување учествувале 23 пациенти со напреден карцином (без можност за операција). Ним им биле давани 230 мл сок од цвекло дневно 3 до 4 месеци. Дури 21 пациент покажале знаци на подобрување и закрепнување.

Исто така, по 2 до 3 недели редовно консумирање сок од цвекло, здравите луѓе чувствуваат значително подобрување кога станува збор за здравјето, имаат посилен имунитет и се чувствуваат многу посилни.

Најдобро е да го пиете наутро на празен стомак. Можете да појадувате еден час подоцна.

Некои пациенти се согласиле на строга терапија и пиеле само сок од цвекло подолго време, повремено во комбинација со други овошја и зеленчук. Исклучиво свежо, органско. Други, покрај редовната консумација на 900 гр цвекло, со помош на нутриционист, го правеле својот план за исхрана и јаделе само сирова храна. Многумина од нив сведочеле дека биле излечени само на тој начин, без хемотерапија и зрачење.

Други се согласиле на стандардни третмани, но во исто време прифатиле и поздрав начин на исхрана, сиров зеленчук и неизбежното цвекло.

Фото: Pixabey