Кромидот е нешто што сакаме да го јадеме без разлика дали е свеж или пржен. Овој прелив е лесен за правење, а можете да му додадете и сол, црн пипер или некои ароматични билки. Освен со месо, можете да го јадете и со козјо сирење или со препечено лепче.
Состојки:
500 г црвен кромид
30 г шеќер
3 лажици балсамико
Приготвување:
Исечете го кромидот на половини и кратко натопете ги во вода. Исечете го кромидот и пржете на врело масло. Додадете шеќер и промешајте, па потоа додадете го оцетот. Нека се вари на тивок оган околу половина час.
Фото: Принтскрин/јутјуб (ONE DAY ONE RECIPE)