Мешаната салата е многу благодарна форма на зимска храна бидејќи во една тегла можете да најдете разни видови зеленчук. Таа е здрава, вкусна, но и декоративна бидејќи содржи разнобојни состојки. Најздраво е, се разбира, кога се подготвува без конзерванси, а рецептот на нашите баби гласи вака:
Потребни ви се:
1 кг краставички
1 кг моркови
1/2 кг зелен домат
1/2 кг зелени или црвени пиперки
1 кг карфиол
1 кг зелка
За преливот:
750 мл алкохолен оцет
250 г шеќер
150 г сол
250 мл вода
1/2 литар масло
1 кесичка пипер во зрно
Приготвување:
Целиот зеленчук измијте го и исечете го на тркалца, а зелката на тенки резанки. Морковот бланширајте го малку (околу 5 мин.), оладете го, па и него исечете го на тркалца.
Во тенџере ставете ги водата, оцетот, шеќерот, солта, маслото и пиперот и варете ги на тивок оган додека не зовријат, а кога ќе зовријат, прелејте го зеленчукот што сте го наредиле во тегли.
Салатата е спремна за употреба веќе наредниот ден.
Наведените состојки за мешана салата се само една од можните комбинации. Во зависност од вкусот, слободно комбинирајте ги состојките сами, па можете да изоставите еден вид зеленчук и да додадете друг, на пример брокула, кромид …
И не сме тоа, бидете креативни и исечете го зеленчукот како што сакате (на тркалца, на коцки, на резанки …).
Фото: Јутјуб