Дали ви е познато она чувство кога во истиот момент мора да ставите нешто во уста, затоа што во спротивно имате чувство дека ќе умрете од глад? Кај многумина веднаш по ручекот се јавува неодолива потреба да каснат нешто благо, додека пак други кои го прескокнуваат појадокот или ручекот, кога ќе почувствуваат глад не можат никако да ја задоволат и не само што ги надокнадуваат заштедените калории од прескокнатите оброци, туку внесуваат многу повеќе.
Основно правило: јадете колку што можете поредовно, три оброци дневно. Така енергијата ќе биде рамномерно распоредена во текот на целиот ден и нема да може да ви се случи наеднаш да станете гладни како волк.
Заменете ги овие 11 намирници кои предизвикуваат напади на глад со такви кои го намалуваат апетитот и ви заштедуваат дополнителна количина калории и вишокот килограми ќе исчезнат како со рака однесени.
Наместо бел леб – интегрални крекери
Овој крцкав леб е богат со влакнести материи. Станува збор за несварливи јаглени хидрати кои го одржуваат нивото на шеќер во крвта и спречуваат напади на глад. Наспроти тоа, производите од бело брашно содржат многу малку растителни влакна кои брзо се преработуваат па со самото тоа и брзо го будат апетитот.
Наместо портокал – грејпфрут
Грејпфрутот е идеален за појадок или за ужина. Богат е со горчливи материи кои го намалуваат нивото на инсулин во крвта, со што брзо се создава чувство на ситост и спречува напади на глад. Портокалите не содржат горчливи материи.
Наместо путер – урда
Наместо со путер, намачкајте си парче леб со урда. Така не само што ќе внесете помалку масти, туку ќе бидете и подолго сити. Причина за ова е високиот процент на белковини во урдата кој бавно се вари.
Наместо грозје – морков
Грозјето е богато со шеќери. Нивото на шеќер во крвта нагло расте и исто така нагло паѓа. Мозокот прима порака: Потребно ми е уште. Морковот содржи малку шеќери, но затоа е богат со пектин, влакнеста материја која во желудникот набабрува и тешко се вари.
Наместо тестенини – компири
Компирот содржи помалку калории од тестенините и значително повеќе растителни влакна и протеини. Затоа побавно се вари, спречувајќи ги така нападите на глад. Тестенините, од друга страна, се богати со јаглени хидрати кои брзо варат, такашто стомакот брзо се празни.
Наместо ракија – кафе
После тешката храна, подобро напијте се кафе наместо алкохол. За разлика од кафето кое го намалува апетитот, пијалоците со висок процент алкохол (на пр. ракијата) имаат спротивен ефект. Покрај тоа, кофеинот од кафето го регулира метаболизмот и согорувањето на мастите, додека алкохолот го забавува и го блокира варењето на мастите.
Наместо слатки – суво овошје
Сушеното овошје е слатко, но поради големата количина на влакна тие се побавни за варење отколку слатките. Овошниот шеќер не доспева во крвта одеднаш, туку постепено, што прави чувството на ситост да трае подолго. Спротивно на тоа, слатките само кратко заситуваат, такашто брзо се појавува глад.
Наместо бисквити – мирис на ванила
Силната желба за слатки ќе биде ублажена од мирисот на ванила. Запалете миризлива свеќа или ставете отворена кеса со ванилин шеќер на шпоретот. Аромата на ванила ќе го запре нападот на глад. Бисквитите предизвикуваат ненадеен пораст на шеќерот во крвта, што резултира со напад на глад.
Наместо корнфлекс – овесни снегулки
Корнфлексот има висок гликемиски индекс, што значи дека нивото на шеќер во крвта скокнува брзо и, исто така, брзо паѓа како резултат на брзото варење. Нападите од глад се однапред програмирани. Овесните снегулки се богати со растителни влакна, такашто гликемискиот индекс е низок. Телото полека и постојано се снабдува со енергија.
Заменете го засладувачот – со шеќер
Иако засладувачот заштедува калории, неизбежно води до напади на глад. Слаткиот вкус му испраќа на мозокот сигнал „стасува енергија“, но кога го земаме засладувачот, до мозокот не доаѓа никаков сигнал и ние чувствуваме глад и јадеме повеќе. Подобро е да се стави помалку шеќер отколку да се предизвика овој ефект.
Наместо лимонада – вода
Водата е најдобра за гасење на жедта. Нема калории, нема шеќер и нема апетит. Секако, ова важи доколку лимонадата ја пиете со шеќер. Имено, една чаша лимонада содржи до седум коцки шеќер, такашто нивото на шеќер во крвта нагло се зголемува. Се излачува голема количина на инсулин, а за шеќерот повторно да се разгради, шеќерот во крвта нагло паѓа и се јавува глад.
Фото: Pixabey