Сите се соочуваме со проблемот на лепење на храната на тавата (дури и на најдобриот тефлон) за време на пржењето, а тоа може да иритира.
Потоа, следува мачење за да ја одлепите, а притоа да не се распадне. На крајот, тука е и тешкото миење, бидејќи гребењето – секако – не е дозволено!
Што всушност доведува до лепење на храната и како да се избегне овој проблем?
Можеби сте забележале сами кога ќе го ставите маслото во тава, како почнува да се загрева, се повлекува од центарот на садот кон рабовите.
Штом се случи тоа, храната се залепува на средината на тавата, затоа што таму останала сува. Треба да знаете дека главниот проблем е што сте ставиле премногу малку масло.
За да го избегнете овој проблем, треба да примените неколку работи. Прво, додадете малку повеќе масло. Второ, секогаш размачкајте го тоа масло рамномерно на целата површина на тавата. Трето, полека загревајте ја тавата за да спречите ненадејно повлекување на маслото. Четврто, секогаш купувајте тава со подебело дно, дури и ако имаат тефлонски премаз. Ова ќе помогне да се загрее рамномерно и храната во неа нема да се лепи.
Фото: Pixabay