Кога купувате зеленчук и овошје на пазарот, повеќето продавачи ќе ве убедуваат дека нивните производи се 100% органски, дека се одгледуваат без додавање на хемикалии, пестициди и разни штетни средства
Претходно се сметаше дека еден од критериумите за избор на „органски“ зеленчук и овошје е обликот на плодот. На пример, ако сите домати се со иста големина и боја, тие најверојатно се „прскани“.
Но постои еден многу едноставен трик за да откриете дали се обидуваат да ве измамат.
Лесно притиснете го доматот со рака. Ако и покрај притисокот тој останува цврст и ако сите во гајбата се такви – 100 процентно е сигурно дека во одгледувањето се користени хемикалии. Вистински „домашен“ домат кога ќе го притиснете малку ќе омекне.
Фото: Pexels