Секогаш е подобро да го замениме шеќерот со мед, кога и да можеме (прочитајте ги и 4-те причини поради кои треба да го исфрлите шеќерот од исхраната).
Сепак, оваа замена обично е прашање на вкус, бидејќи некои го заменуваат шеќерот со мед во сооднос 1: 1, а други заменуваат една чаша шеќер со ½ или 2/3 чаши мед. Обично, ако медот е течен, се намалува количината на другите течни состојки во рецептот за ¼ шолја по една цела шолја мед што ќе ја употребите.
Се советува и во рецептите со такви замени намалете ја малку температурата во однос на препорачаната за да спречите колачот премногу и пребрзо да порумени и додадете ¼ лажичка сода бикарбона на секоја употребена шолја мед во смесата.
Медот додава повеќе влага во самата мешавина и е потежок од шеќерот. Дава посебен, различен вкус на финалниот производ и поради тоа, десертите побрзо добиваат кафеава боја.
Ако само го замените шеќерот со мед во иста количина во рецептите, веројатно ќе добиете леплив колач, затоа внимателно прочитајте кои се другите состојки, кои можат да го апсорбираат вишокот течност што доаѓа со медот па зголемете ја количината на овие состојки во рецептот. Но, исто така можете и да ја намалите количината на некои течни состојки.
Мора да внимавате и на тоа дека ако во една шолја има околу 250 г шеќер, има 340 гр мед, како и дека медот има посебен вкус, кој можеби нема да оди добро со другите состојки и во сите рецепти.
Со медот доаѓа одредена доза на киселина во рецептот, која мора да ја неутрализирате со сода бикарбона (обично, како што споменавме 1/4 лажичка или помалку).
Пити, колачи, кекси, мафини
Користете 3/4 шолја мед наместо 1 шолја шеќер, намалете ги другите течни состојки за половина на секоја чаша мед што ќе ја додадете. Намалете ја температурата малку од препорачаната при печење.
Конзервирање (џемови, желеа,…) и готвење
Во овие случаи, заменете го шеќерот со мед во сооднос од 7/8 шолја мед наместо 1 шолја шеќер. Не менувајте ја количината на другите течни состојки.
Други замени
Ако заменувате меласа или сирупи со мед, користете ги истите количини, но се препорачува да ја намалите количината на другите засладувачи во рецептот.
Фото: Unsplash