Ако не сте многу искусни во кујна или пак само сакате да се придржувате до рецептите, тогаш мора да ги следите упатствата во нив. Но, што да правите ако немате вага?!
Сигурно ви се случило да пребарувате на Гугл колку лажици се потребни за околу 50 грама шеќер. Но сега ќе ставиме крај на ова, бидејќи во продолжение ве чекаат сите основни мерки што ќе ви послужат при подготовка на солени и слатки рецепти.
1 лажица брашно = околу 12 грама
1 лажица гриз = околу 15 грама
1 лажица трошки од леб = околу 15 грама
1 лажица шеќер = околу 15 грама
1 лажица сол = околу 12 грама
1 лажица маст = околу 20 грама
1 лажица вода или вино = 15 грама
7 лажици вода = 1 dcl вода
1 коцка шеќер = 5 грама
1 мала чаша = 100 грама вода или вино
1 голема чаша = 200 грама вода или вино
1 L брашно = 54 dkg
8 лажици суво грозје = околу 10 дкг
10 лажици мелени ореви, лешници или бадеми = 10 дкг
12 лажици шеќер во прав = 10 дкг
Важно е да се запамети дека кога ги користите претходно наведените мерки, лажиците и чашите секогаш се полнат само до работ. На пример, ако рецептот вели една лажица брашно, тоа значи дека брашното мора да се порамни со работ за да се добие потребната количина.
Исто така, погрижете се сличните суви намирници, како што се сода бикарбона и шеќер, да ги просеете пред употреба за да се отстранат грутките, бидејќи тоа е единствениот начин да се добие точна мерка.
Понатаму, при мерење на маст, путер и маргарин, погижете се да бидат на собна температура и да не се ладни и крути.
Фото: Freepik