Иако се најпопуларни оние намирници што можат да издржат долго време без да се размислува за рокот на траење, некои купиле премногу свежа храна што би можела да пропадне. Исто така, некои долготрајни, но неправилно складирани јадења можат да ги изгубат својот вкус и свежина.
За да се избегне расипувањето и фрлањето храна доволни се неколку едноставни совети за чување на намирниците. Ако храната се чува правилно, ќе остане свежа подолго време.
Совети за чување свежа храна во фрижидер
Проверете ја температурата во внатрешноста на фрижидерот со помош на термометарот кој се наоѓа во него. Идеалната температура е помеѓу 3 и 4 ° затоа што храната ќе остане свежа и нема да замрзне.
Пред да ги купите намирниците проверете го рокот на траење! Во некои ситуации, не се исплаќа да купувате производ кој истекува за два дена, особено ако знаете дека нема да го подготвите до тогаш.
Обидете се да испланирате неколку оброци од храната што ја имате во фрижидерот, посветувајќи особено внимание на она што побрзо се расипува или има пократок рок на траење.
Совети за чување на овошјето и зеленчукот
Ставете хартиени салфети во фиоките во фрижидерот кои ќе го апсорбираат вишокот на влага и ќе ѝ помогнат на храната (која ја чуваме претежно на дното) да остане свежа. И секако, користете ги додека не биде предоцна.
Многумина сакаат печурки, но ретко ги купуваат свежи затоа што брзо се расипуваат. Пред да ги ставите во фрижидер, извадете ги од кутијата, завиткајте ги во хартиена кеса или чувајте ги во пластична кутија, за подолго да останат свежи.
Ако забележите дека доматите се малку расипани, не фрлајте ги, испечете ги. Печените домати ставете ги во тава со маслиново масло и бидете сигурни дека на тој начин ќе траат уште некој ден.
Пред да ги ставите во фрижидер измијте го зрнестото овошје со малку оцет. Чувајте ги во пластични садови во задниот дел на ладилникот кадешто е поладно.
Исплакнетете ја зелената салата што започнала да венее и оставете ја во топла вода извесно време, ќе живне и повторно ќе биде крцкава и свежа.
За да ги зачувате целерот, морковите и ротквиците свежи, исечкајте ги и чувајте ги во фрижидер во сад со вода и бидете без грижа
Премачкајте ги тиквичките со тенок слој растително масло и чувајте ги на некое место за складирање на намирници, но не во фрижидер. Така можат да траат со недели.
Чувајте ги јаболката одвоено од другите овошја и зеленчуци затоа што содржат етилен што го предизвикува расипувањето на намирниците што се во нивна близина.
Младиот кромид е еден од најдобрите природни лекови за вирусот и ќе остане свеж подолго ако се остави во чаша вода, како цвет. На тој начин, неговите врвови ќе растат, и ако станат предолги, секогаш можете да ги отсечете.
Не ги чувајте главиците од лукот во сад со капак, закачете ги некаде и оставете ги да дишат на воздух.
Совети за чување месо, риба и јајца
Рибата треба да се чува во кеса, над сад со мраз во фрижидерот, но не заборавајте да ја изедете што е можно поскоро.
Чувајте ги јајцата во фрижидер во оригиналното пакување. Ако не можете да пресудите дали сè уште се свежи, ставете ги во чаша вода. Свежото јајце ќе потоне на дното, а старото ќе лебди.
Месото треба да се чува во нивната оригинална амбалажа, ако планирате да ги јадете во рок од еден или два дена. Инаку, завиткајте го во алуминиумска фолија или пластична кеса и замрзнете го.
Чаденото месо (шунка, сланина, пршут) може да се завитка во крпа претходно натопена во оцет, потоа да се завитка во восочна хартија и да се замрзне.
Совети за чување на леб и други намирници кои вообичаено не се чуваат во фрижидер
Замрзнувањето на брашното на 48 часа сигурно ќе ги убие сите присутни инсекти, но не чувајте го премногу долго во замрзнувачот, туку чувајте го во оригиналното пакување и замрзнете го 48 часа пред употреба за да бидете сигурни дека може да се користи.
На лебот не му е место во фрижидер бидејќи влажната околина може само да го забрза процесот на неговото расипување. Ако го користите веднаш, чувајте го во добро затворен сад на работната површина.
Ако имате премногу леб, замрзнете го вишокот и загрејте го во рерна пред употреба.
Сувите тестенини, ако се чуваат правилно, можат да издржат многу подолго од нивниот рок на траење, кој обично е две години, а истото важи и за оризот, житарките и сличните производи.
Совети за чување на маслото
Растителното и маслиновото масло може да траат најмногу до две години, но мора да се чуваат во потемна и поладна просторија затоа што инаку може да се расипе. Ако се развие вински вкус или мирис, веројатно не биле добро затворено и тоа масло се расипало.
Фото: Pexels