1. Готвите на погрешна температура
Ако подготвувате вариво што содржи месо или сланина, пожелно е на почетокот да ја карамелизирате нивната површина за да му дадат на јадењето длабочина на вкусот. Ова ќе го постигнете ако месото го пропржите на добро загреано масло и чекате месото да добие темно кафеава боја од сите страни. После тоа, важно е да се намали температурата и да се остават другите состојки нежно да се соединат. Со варивата е семкога важно да се готват полека и на пониска температура.
2. Избираме погрешно тенџере
Ако подготвувате оброк за четиричлено или за поголем број членови на семејството, најдобро би било да користите поголемо тенџере кое ќе ги собере сите намирници. Готвењето на многу намирници во премногу мало тенџере, нерамномерно ќе ја загрее храната и крајниот вкус ќе ве разочара.
3. Ги солиме мешунките на почетокот на готвењето
Постои непишано правило дека гравот и другите мешунки како наут, леќа и соја не смеат да се солат до пред крајот на готвењето. Во спротивно, надворешната обвивка ќе се распадне и плодот ќе остане премногу тврд. Со цел добро да се зготват, најважно е да се натопат во вода еден ден пред термичката обработка.
4. Го ставаме зеленчукот во погрешен момент
Месото треба да се готви подолго од зеленчукот, па нема смисла да се ставаат сите состојки истовремено. Доволно е да ставите коренест зеленчук како компири, моркови и целер на средина на готвењето, додека деликатните зеленчуци како тиквички и грашок најдобро е да се додадат непосредно пред крајот на готвењето бидејќи им требаат само неколку минути. Истото важи и за свежите билки.
5. Сметаме дека запршката е единствениот начин да се згусне храната
Иако кај нас, во традиционалната кујна згуснувањето на јадењата се прави само со запршка, односно, со помош на брашно и масло, тоа не е најздравиот начин. Варивото можете да го згуснете со додавање на парчиња компири кои во текот на варењето ќе ослободи скроб и ќе го згусне јадењето.
Со гмечалка за пире од компири, можете да згмечите дел од зеленчукот и со тоа да обезбедите погуста конзистентност на варивото, или да додадете мелено ленено семе.
Фото: Pixabey